Към начална страница...
 
МАКЕДОНЦИТЕ ПРВ ПАТ ЌЕ КОРИСТАТ МАJЧИН ЈАЗИК

ВЕРА ТОДОРОВСКА ("Дневник")
Албанија
       Македонците во Албанија првпат ќе можат да го користат мајчиниот јазик, да им дадат автохтони македонски имиња на местата и значајните објекти и да го негуваат историското, културното и верското богатство.
       Сето тоа им го овозможува Меморандумот за разбирање со малцинствата, документ што го подготви албанското Министерство за надворешни работи, а го потпиша градоначалникот на Пустец, Област Мала Преспа. Тоа го потврди претседателот на друшт-вото „Пре-спа“, Едмонд Темелко.
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       Меморан-думот влада-та го дистри-буираше до областите главно насе-лени со при-падници на други етнич-ки заедници. Него го потпишуваат претставници на централната власт и градоначалниците на околиите, кои претходно треба да добијат согласност од раководствата на здруженијата на малцинствата. Документот го потпишаа и влашкото и ромското малцинство од јужниот дел на Албанија.
       - Прифаќањето на Меморандумот не значи дека ние се откажуваме од другите наши приоритетни барања. Исто како и друштвата на другите малцинства, бараме вонреден попис на населението во кој ќе може слободно да се искаже етничката и верска припадност, бараме образование на мајчин јазик, да добиеме простор на државната радио-телевизија и соодветна застапеност во државните институции - вели Темелко.
Македоско училиште во Албаниjа. Кога Бугариjа ќе jа стигне Албаниjа?
       Тој најави дека заедницата на Македонците ќе бара и другите две области, Голо Брдо и Гора, каде што има македонско население, да се прогласат за малцински зони.
       - Има најави дека овој документ ќе биде понуден во Пешкопеја, каде што територијално припаѓа Голо Брдо, со што по шест децении на Македонците ќе им се врати одземениот статус на малцинство. Ќе побараме тоа да се стори и во Кукс за областа Гора - вели тој.
       Грчкото малцинство одбило да го потпише Меморандумот, зашто тоа веќе ги ужива тие права - употребата на грчки јазик, грчки имиња на топоними и слично.
       Според Темелко, во тек се интензивни активности за формирање месни и општински комитети на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, во функција на одржување на првиот партиски конгрес. Со свои кандидати ќе учествуваат на локалните избори, на кои очекуваат успех.
       Досега, вели тој, Македонците членувале во различни партии, а со евентуално учество во власта се надеваат дека ќе можат да ги реализираат своите легитимни барања.
Родината на Вапцаров
Интервју со д-р Васил Јотевски
Инатлива неприязън срещу ...
Кратка, съкратена или удобна ...
Дискриминацията продължава...
Никој нема право да...