Към начална страница...
 
Владата зачекори кон промените

МАКЕДОНИJА ДОБИ НОВА ВЛАДА

БРАНКО ГОРГЕВСКИ


       НЕ ЧЕКА макотрпна работа, а ние сме подготвени да се соочиме со предизвикот кој ќе биде во полза на македонските граѓани, изјави новиот македонски премиер Никола Груевски на изборот на новата влада во Собранието на Република Македонија. Кабинетот на Груевски ја доби довербата на 68 пратеници, а 22 беа против во дводневната расправа во која имаше жестока дебата меѓу пратениците од власта и од опозицијата.

         Изборот на новиот владин кабинет го бој-котираше коалицијата ДУИ-ПДП.
       Новиот премиер ја презеде функцијата од до-сегашниот Владо Бучковски на примопредавањето кое се изврши во Владата на РМ. Во своите кабинети вчера стапија и најголемиот дел од новоизбраните министри.
       Груевски рече дека во Владата има образовани луѓе, во кои има многу доверба, а ако некои не ја оправдаат довербата пос-тојат и реконстру-кции.
       


Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       - ВИЕ не сте учествувале во преговорите и не знаете што значи Бадентер, и како се гласа според Бадентер. Дали конечно ќе престане вашето душегрижништво за Албанците - рече Тачи.
       Лидерот на СДСМ Владо Бучковски најави дека ќе бидат конструктивна опо-зиција, која ќе ја дава под-дршката за проектите што се во интерес на земјата. - Заедно со вас ќе продол-жиме да го градиме проектот европска Македонија. Имате шанса да продолжите Македонија и натаму да ја препознаваат како фактор за стабилност.
       - Свесни сме за проблемите со кои ќе се соочиме не само од финансиски туку и од судски и политички аспект. Државните и наци-оналните интереси на Република Маке-донија ќе бидат приоритет-на цел - изјави тој.
Аплауз за новата влада
       Најжесток дуел се случи меѓу Никола Поповски од СДСМ и Мендух Тачи од ДПА. Поповски предупреди дека без ДУИ ќе биде загрозено донесувањето на законите врз основа на Бадентеровиот принцип. На ова Тачи одговори дека барањето ДУИ да биде во власта е со цел СДСМ да се заштити од одговорноста за криминалот.
Родината на Вапцаров
Интервју со д-р Васил Јотевски
Инатлива неприязън срещу ...
Кратка, съкратена или удобна ...
Дискриминацията продължава...
Никој нема право да...