Към начална страница...
 
Потрага во Eгипет за ...

ГРОБНИЦАТА НА КЛЕОПАТРА

(Преземенао од в. "Дневник")


       За неколку месеци познатиот египетски археолог Захи Хавас се надева дека ќе ја открие сензацијата на својот живот - гробницата на една од најголемите жени во историјата - Клеопатра. Славниот археолог, кој деновиве е на попатно предавање во Јужна Африка, вели дека откритието ќе биде поголемо од гробницата на Тутанкамон.
       Тој претпоставува дека Клеопатра е погребана со својот љубовник, Римјанинот Марко Антониј, во храмот наречен „Табусирис Магна“, оддалечен 30 километри од Александрија.
       - Верувам дека било многу свето место. Токму таму Клеопатра и Марко Антониј би се скриле од Октавијан - објаснил Хавас.
       Тој вели дека до гробницата се стигнува преку комора. При досегашните истражувања тој навлегол 35 метри во комората, но не можел да продолжи зашто имало вода.
       - Сепак, во октомври ќе продолжам да работам - вели Хавас.
       Еден од знаците што го наведуваат да верува дека тоа е гробницата на Клеопатра е монета со ликот на кралицата и статуа. Клеопатра и Марко Антониј се самоубиле во 30 година пред новата ера, гонети од римскиот император Октавијан.
       На првата посета на Јужна Африка, Хавас го искористил моментот да ја запознае публиката со „авантурата во археологијата“. Предавањето било проследено со слајдови од неговите откритија во Египет.
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Родината на Вапцаров
Интервју со д-р Васил Јотевски
Инатлива неприязън срещу ...
Кратка, съкратена или удобна ...
Дискриминацията продължава...
Никој нема право да...