Към начална страница...
 
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Духовниот воин верува во победа

АРХИМАНДИТ НИКОДИМ ЦАРКЊАС

(Преземенао од в. "Дневник")
       Заложбата за проповед на македонски јазик, за отец Никодим Царкњас прерасна во своевидна борба за јазикот на својот род. Со смиреноста и истрајноста во неа тој израсна во духовен воин за најблагодарното дело, за духовниот и националниот идентитет на својот народ. Вака беше претставен свештеникот од Егејска Македонија викендов, при врачувањето на признанието „Духовен воин“, што го доделува културната манифестација „Македонски духовни конаци“ во Струга а што годинава се одржа на 19 и 20 август..
       - Ќе ја продолжам својата дејност се’ додека тоа ми е дозволено од Бога, ќе работам на остварување на верските слободи и права на Македонците на сите страни во светот - ни изјави архимандрит Царкњас.
       Роден е во Сботско, Егејска Македонија, пред 64 години. Во црквата што ја изгради во своето родно место, осветена пред пет години, тој ја втемели својата непоколеблива заложба да го проповеда Божјото слово на македонски, јазик на кој неговите сонародници ќе ја разбираат проповедта.
За сето тоа му благодари на Бога, зашто такво дело, вели, не можеше ниту во сон да се замисли.
       - Грците сега признаваат дека има македонска црква, а до некни тврдеа дека нема Македонци. Во црквата редовно се одржуваат литургии, служби за погреб, а наскоро очекувам и крштевање. Времето е најдобар лек за се’ - вели отец Никодим.
       За својата благородна мисија тој морал да лежи затвор, бил спречуван и понижуван. Сега верува дека Судот во Стразбур ќе донесе правилна пресуда - законски регистрирана црква од страна на грчката држава и озаконување на сите црковни и духовни активности.
Родината на Вапцаров
Интервју со д-р Васил Јотевски
Инатлива неприязън срещу ...
Кратка, съкратена или удобна ...
Дискриминацията продължава...
Никој нема право да...