Към начална страница...
 
Егејците во офанзива

ОБСЕ ЌЕ ЈА ИСПРАВА НЕПРАВДАТА ВРЗ ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ

(Преземенао од в. "Дневник")
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       Мисијата на ОБСЕ во земјава ќе лобира за исправање на неправдите на Македонците протерани од Грција во текот на Граѓанската војна од 1946 година до 1949 година.
       Во претпоследната недела на август претставници на Сојузот на здруженијата на Македонците од егејскиот дел од Македонија разговарале со Виктор Улом, шеф на одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во земјава. Секретарот на Сојузот, Ѓорѓи Доневски, изјави дека го запознале со децениските маки што ги имаат со грчките власти за враќање на одземените државјанства и на узурпираните имоти.
       - Откако целосно го информиравме за борбата што ја водиме, Улом, кој е Американец, беше вџашен како може ваква дискриминација да постои во држава-членка на Европската Унија. Тој ни вети дека материјалот што му го предадовме ќе го проучи детаљно и за проблематиката ќе ја информира централата на Организацијата. Тој ни препорача наша делегација да учествува на заседанието на ОБСЕ што ќе се одржи во октомври годинава во Варшава и изворно да ги запознаеме делегатите - рече Доневски.
       Во процесот што го поведе пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Грција сега се прибира доказен материјал за имотите што децата-бегалци ги поседуваат во Грција.
Доневски рече дека, веднаш по изборот на новата влада, ќе побараат средба со надлежните функционери за да се извршат заклучоците што ги донесе собраниската Анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓанинот.
       Комисијата побара од Владата да подготви информација за активностите на државните институции за отстранување на дискриминаторскиот однос на Грција кон децата-бегалци и да обезбеди финансиска поддршка за дејствување на Сојузот.

Родината на Вапцаров
Интервју со д-р Васил Јотевски
Инатлива неприязън срещу ...
Кратка, съкратена или удобна ...
Дискриминацията продължава...
Никој нема право да...