Основниот недостаток на оваа резолуција е фактот што заклучоците што ги содржи таа во однос на „сите партиски организации во пиринскиот крај“ се прејудицирани од проста причина што сите околиски конференции биле одржани по обласното советување на 22 и 23 јули 1948 година. Имено, околиската конференција  за Разлошката околија се одржала во Разлог на 4 август, за Петричката и Горноџумајската околија на 5 август. Во телеграмата што била испратена по одржувањето на околиската партиска  конференција во Свети Врач, која  била  одржана  уште подоцна, читаме: „Скопските раководители се интересираат само за присоединувањето на пиринскиот дел кон Вардарска Македонија во рамките на ФНРЈ, но не и за остварувањето на јужнословенската федерација и славјанското единство.“
       Според таа резолуција, голем и непростив бил гревот на македонските раководители од НР Македонија затоа што се залагале за обединувањето на Македонија и на македонскиот народ, поконкретно на пиринскиот дел на Македонија, па макар тоа било и еден ден пред да настане обединувањето на ФНР Југославија и НР Бугарија во рамките на јужнословенската федерација. Како што посочивме и на друго место, такво залагање за обединување на македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија со оној од НР Македонија имало и од страна на македонската емиграција што живеела во НР Бугарија.
       Како што биле отстранети членовите на највисокиот партиски орган на БКП непосредно по резолуциите на Информбирото „За  состојбата во КПЈ“ и на ХVI пленум на ЦК на БРП(к) „Во врска со ситуацијата во пиринскиот крај“ и  по V конгрес на БРП(к) на уште поригорозен начин биле отстранети поистакнатите раководители од пиринскиот  крај: Георги Мадолев, Крсто Стојчев, Асен Чаракчиев, Кирил Николов, Ефтим Георгиев, Михаил Сматракалев, Венера Клинчарова, Кирил Граменов, Радој Спасов, Стојмен Муртин, Арсо Поптодоров, Крум Радонов, Васил Григоров Василев, Атанас Великов Атанасов, Страхил Георгиев Димитров и други активисти, кои во периодот 1941-1948 година претставувале носители и предводници во борбата за македонските национални права.
       На тој начин македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија останал без своите раководители кои за време на антифашистичката борба биле сакани и заштитувани од народот и кои во периодот 1944-1948 година придонесувале за расцутот и афирмацијата на македонските национални права и културата во пиринскиот крај.
       На нивното место дошле раководители од типот на: Борис Вапцаров, Стојне Лисијски, Асен Василев, Славе Волев, Георги Крнчев и други луѓе кои меѓу македонскиот народ не уживале никаков углед, луѓе што поради својата политичка  кратковидност, незнаење или кариеристички подбуди не можеле или не сакале да разберат дека во политичката игра што ја предводел Сталин, а во Бугарија ја спроведувал В. Червенков, претставувале потрошен материјал со краток рок на траење.
       Спроведувањето  на одлуките и решенијата на V конгрес на БКП одело на истиот начин како и на оние на Информбирото и на ХVI  пленум на ЦК на БРП(к). Во текот на  јануари 1949 година биле одржани  партиски околиски конференции во Горна Џумаја, Разлог, Петрич и Неврокоп. На секоја конференција или собир, неминовно била „разобличувана антимакедонската“ дејност на партиските и државните раководители  на НР Македонија. По секој собир, конференција или јавна  манифестација, задолжително биле донесувани резолуции во кои се обвинувале и се осудувале македонските раководители и притоа се истакнувале поважните задачи и задолженија што стоеле, пред с#, пред членовите на Комунистичката партија. Во повеќето од нив, меѓу другото читаме „Засилување на будноста против фашистичките и михајловистичките елементи, полно разобличување на антисоветската и антибугарската пропаганда на предавниците на македонскиот народ, скопските раководители.“
       На друго место како да продолжува незавршената мисла искажана во претходниот цитат, и покрај тоа што била донесена во друг простор и во друго време: „Секој комунист е должен да се бори против злосторничката пропаганда на тито-колишевци, влаховци, што ја водат против Бугарија и нашата партија, да го разјаснуваме правилното разрешување на македонското прашање...“.
       Самото тоа што македонското национално прашање почнало да се третира како „македонско прашање“, како што беше третирано во подалечното минато од страна на бугарскиот царски двор, многу јасно ни кажува на кој начин во новите услови се настојувало да се разјасни македонското национално прашање, спроведувајќи ја новата бугарска политика.
       Процесот на спроведување на  новата политика за пиринскиот дел на Македонија од овој период што го наметнале резолуцијата на Информбирото, решенијата на ХVI пленум на ЦК и на V конгрес на БКП се заокружил со конституирањето на Окружниот комитет на БКП за пиринскиот крај.
       По една и пол година од расформирањето на Окружниот  комитет  на БРП(к) за пиринскиот крај и по новата административно-територијална поделба на НР Бугарија на окрузи, во септември 1949 година во Горна Џумаја бил формиран, односно обновен Окружниот комитет на БКП за пиринскиот крај. Во Бирото на Окружниот комитет влегле: Борис Вапцаров, Крсто Тричков и Горан Ангелов (секретари), Иван Делев, одговорен по линија на Отечествениот фронт, Стојне Лисијски, одговорен за Окружниот народен совет (ОНС), Славе Волев за кадри и Никола Рачев како член.
И покрај декларативното признавање на македонската нација и држава во рамките на ФНР Југославија  и  постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија со право да образува македонски национални институции во „единствено  слободниот  дел  на  Македонија“,  како што милуваа да го именуваат и се трудеа да го прикажат пиринскиот дел на Македонија, највисоките партиски и државни раководни органи и тела не биле искрени во споредувањето на таквите сопствени декларативни изјави. Имено, спроведувајќи ја новата политика што била наметната од страна на Информбирото, изложена во резолуцијата „За состојбата  во  КПЈ“ и во резолуцијата на ХVI пленум на ЦК на БРП(к) „Во врска со ситуацијата во пиринскиот крај“, Централниот комитет на БРП(к), уште на 25 октомври 1948 година, издал  специјална  инструкција  за прочистување на партиските организации од туѓи и кариеристички елементи.
Към начална страница...
 
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Од историјата на пиринскиот дел на Македониjа

БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА

Д-р Васил Јотевски
(Продолжува од минатиот број)
       Резолуциите на Информбирото „За состојбата во КПЈ“ и „Во врска со ситуацијата во пиринскиот крај“ на  ХVI пленум на ЦК на БРП(к) биле разгледувани и на обласното партиско советување што се одржало во Горна Џумаја на 22 и 23 јули 1948 година. На советувањето биле присутни сите околиски комитети во нивните  полни состави, и  некои од поранешните членови  на  претходниот  Областен комитет на БРП(к) за пиринскиот крај, а присуствувале и неколку членови на ЦК. На крајот од советувањето била донесена уште една резолуција, која по својата суштина била штетна за Македонија и македонскиот народ. Во резолуцијата се истакнувало дека „сите партиски организации на БРП(к) во пиринскиот крај цврсто стојат зад Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунисти), позициите на Информбирото и решенијата на ХVI пленум“.
(Продолжува)
       Текстот е приземен од книгата на Д-р Васил Јотевски "Македонците во пиринскиот дел на Македониjа 1949-1989", која jа продолжува темата на книгата од истиот овтор "Националната афирмациjа на Македонците од пиринскиот дел на Македониjа (1944 - 1948)".
Календар:
Македония помни
По пътя към единството
Кой е канонизираният...
ПИРИН - член наблюдател в ЕFА
И на кръста посегнаха!
Робовладелчески манталитет