Делегациjа во црквата "Свети Климент" во Рим
MАКЕДОНИJА МУ СЕ ПОКЛОНИ НА СВЕТИ КИРИЛ
(По македонскиот печат)
ВО црквата „Свети Климент“ во Рим на 24 маj годинава се одржа молебен на свети Кирил во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
- Спомените се големо богатство во душата на секој човек и народ. Таков е и денешниот спомен на свети Кирил, кој со својот брат Методиј на словенскиот народ му ја подари просветителската светлина за познанието на својот мајчин јазик - рече дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј, кој чиноначалствуваше со свечената литургија.
Тој нагласи дека перс-пективата на христијанс-твото како едно големо семејство треба да ја забележиме со усилбите на денешна Европа, која ги подава своите раце на доверба кон сите народи што ја сочинуваат.
На свечениот дел во Црквата на свети Климент присуству-ваше македонската државно-црковна делегација, предво-дена од претседателот Бранко Црвенковски, кој положи венец и се поклони пред гробот на свети Кирил.
Македонска делега-циjа секоjа година му потдава должната почит на големиот син на македон-ската земjа.
На церемонијата при-суствуваа и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Цане Мојановски, скопскиот бискуп Кирил Стојанов и претставници на Ватикан.
НА овој молебен присуствуваа и амбасадорите на Словенија, Грција, Монако, Холандија, Кореја, Филипини, Египет, Бразил, Мексико, Аргентина, Боливија, Чиле, Куба и на Украина.