Към начална страница...
 
       Димитар Миладинов со таков усет знаел  да  ги собере од речиси целата етничка територија на Македонија најдобрите и најуспешните интерпретатори и интерпретаци, а Константин имал такво широко знаење и чувство да ги одбере и такво фолклористичко познавање да ги редактира најрепрезентативните уметнички издржани народни творби што и денеска претставуваат урнек за антологискиот потход во изборот од нашето усно културно наследство. Затоа, кога  по 130 години се навраќаме кои овој зборник, ние сме должни и собирачите и редакторот и издавачот и делото да ги подложиме на една строга научна анализа и од една историска перспектива да го оцениме нивното достоинство. Зашто навистина се работи за големи дејци, значајни фигури во нашата понова историја, меѓници во нашиот развиток што времето не им го накрнило ликот и не им го намалило значењето. 
       Браќата Миладиновци со историско право ги сметаме како заслужени дејци  во полето на македонската литература и култура, но и на македонската наука, независно од жалниот факт што и денеска сеуште од некои страни се присвојуваат и се сместуваат како легитимен дел од една туѓа литература, култура и историја. Поради вклучувањето на една седмина бугарски материјали (76 од вкупно 660 песни), поради користењето на бугарското маркирање на зборникот и неговата послешна функција во бугарската културно-национална историја, ние не би имале ништо против ако денеска бугарската наука констатира дека тие како Македонци дале свој прилог и  во бугарската литературна  историја  и  култура. Тоа не го намалува значењето и местото  на браќата Миладиновци како дејци, ниту пак карактерот на зборникот како македонско дело. Славните стружани ги оставија коските во цариградските зандани во годините што го означија преминот на македонскиот национален развиток од една епоха во друга, Тие согореа во пламенот токму на таа борба за културно-национална еманципација и диференцијација и од тоа не би смеело денеска да се прави политика. Научната објективност и совесната коректност налагаат да ги оставиме  Миладиновци да мируваат на местото што самите си го обезбедиле со своето епохално дело.
       
НОВА  ДНЕВНОПОЛИТИЧКА   МЕТАМОРФОЗА
НА   БУГАРСКАТА   НАУКА   ЗА   ВАПЦАРОВ
Првпат во Бугарија објавен „Рефератот“ на Никола Вапцаров
       I.

       Во февруари оваа 1995 година неделниот орган на бугарските писатели „Литературен форум“ во два броја (7 и 8) го објави обемниот текст „Археографски аспекти на простата човешка драма“ од Цвета Трифонова што бил поднесен како реферат на научната конференција по повод 85-годишнината од раѓането на Никола Вапцаров, одржана на 7 и 8 декември 1994 година во Благоевград и Банско. (За жал, во Македонија оваа значајна годишнина наполно беше заборавена!) Самата авторка Трифонова во една фуснота подвлечено забележува: „Духот на овие свечeности беше јасен сигнал за реставрацијата на божем изминатите тоталитарни времиња. Партискиот одек не сакаше да слуша ништо друго освен својот сопствен глас. Затоа успеав да го прочитам рефератот до половината - по апострофи, негодување и настојчиво пoтсетување и предупредување дека времето ми истекло.“ Од ова се подразбира и кој бил организаторот и каква е идеологијата на референтот. (Нашата јавност не доби поблиски информации за оваа конференција!)
       Не е првпат бугарската наука да ги менува ставовите за македонското национално прашање воопшто, па ни за односот спрема националната свест и чувствата на Никола Вапцаров и на Македонскиот литературен кружок во Софија. Па сепак, Цвета Трифонова се осмелува првпат за бугарската јавност (па макар и според препис!) да го објави зачуваниот дел од веќе одамна кај нас познатиот „Реферат“ на Вапцаров што го поднесол како програмски национално-политички и идејно-литературен документ на состанокот на Македонскиот литературен кружок во есента на 1938 година, по кој потоа ја напишува и уникалната истоимена драматична поема. И не само тоа. Цвета Трифонова си дозволува првпат пред бугарските читатели да проговори и за методите за криење или фалсификување на значајни документи - поради национални, идејни или политички причини. Всушност, авторката го поставува кардиналното прашање за Архивот и Власта, за кое толку пати јавно и аргументирано сме укажувале.
       Запирајки се на документот како архивско наследство Трифонова пишува: „Пред да ја оцени неговата културно-историска вредност, Власта однапред му го насетува значењето како политички инструмент. Ако еден архивски фонд може ефективно да се искористи во поткрепа на привремени или потрајни идеолошки и политички цели, тогаш партиите и институциите на управниците активно се заземаат да го усвојат, да го популаризираат и да го манипулираат, напротив, ако неговата содржина разобличува скриени цели или аморални методи, тогаш тоа станува објект за сокривање, изопачување и уништување. ... Шпекулациите со архивите се само една од алките во гигантската идеолошка процедура во создавањето политички митови и легенди. На архивските фондови им се определува улогата на параван, повикан да ја поддржи илузијата за автентичност и привидна документарност околу дегенерираниот акт на фалсификатот. ... Фактите се замаглуваат, а се потхрануваат легенди, измислици, интриги. Архивот се претвора во механички комбиниран ребус, во кој одделни компоненти се фаворизираат и дури се фетишизираат, а оние што не одговараат на идејата за митот се потиснуваат и се премолчуваат...“
       По овие констатации (што може да важат не само за бугарската ситуација) Цвета Трифонова преминува кон конкретните факти поврзани непосредно со Вапцаров. „По половина век миротворна дејност и масирана инвазија врз мисловниот и културниот стереотип на луѓето - вели таа - необјаснива останува особената раздразливост, со којашто беа пресретнати обидите да се извадат најаве и да се коментираат непознати страници и факти од архивот и дејноста на Н. Вапцаров. “Обидуваjки се да jа обjасни "методологиjата и шпекулациjата со името на Н. Вапцаров, авторката со право констатира: „Во слободното граѓанско општество би било апсурдно да се оспорува еден толку прост факт дека токму лагата и фалсификатот го снижуваат и дури го умртвуваат големото творечко дело на Н. Вапцаров, а вистината може само да го возвиши и да го обогати“.
       Разглобувајќи го системот на „Компартијата“ во создавањето на „утописки илузии“ во периодот пред и по Втората светска војна, Трифонова одбележува: "От както го жртвуваa животот на талентираниот човек, туркајќи го неподготвен во најризичната зона на вооружениот отпор, по неговата смрт тие безобsирно си го присвојуваат правото да ја моделираат неговата личност, зборот и судбината. Замислата е поетот да се идентификува со идеалот и од жртва да се претвори во херој, во недостижен, сакрален носител на партиските скрижали.“




Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Сознајби

ДРЕВНО-ПОЛИТИЧКА МЕТАМОРФОЗА НА БУГАРСКАТА НАУКА ЗА ВАПЦАРОВ

(Продолжува од минатиот број)

Акад. Блаже Ристовски
       Зборникот  народни  песни  на  струшките браќа претставува антологиски трезор на македонското поетско народно творе-штво до половината на ХIХ век, огледало на живата народна реч, урнек за естетскиот селективен критериум на редакторот Константин што ќе стане пример за сите подоцне-шки собирачи и издавачи на усното поетско народно творештво од Македонија, но и патеводен прирачник за сите послешни македонски литературни творци во изградбата на современата поетска реч. Тоа и не е изненадувачко ако се има предвид дека е дело на превосходниот поет Константин Миладинов, кој на сеуште неизградениот поетски јазик создаде стихови со таква уметничка вредност што и денеска на катагодишните Струшки вечери на поезијата со почит се читаат и со восхит се примаат како израз на почетоците на современата македонска литературна и поетска реч.
Календар:
Македония помни
По пътя към единството
Кой е канонизираният...
ПИРИН - член наблюдател в ЕFА
И на кръста посегнаха!
Робовладелчески манталитет