Към начална страница...
 
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија
БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА

(Продолжува од минатиот број)

    
     Тексот е преземен од книгата на д-р Васил Јотевски “Макесонците во пиринскиот дел на Македонија 1949- 1989“, која ја продолжува темата на книгата од истиот автор “Националната афирмација на Македонците од пиринскиот дел на Македонија (1944-1948).


    Таквиот негов однос за Сталин бил очигледен. Заради тоа, за спроведување на својата политика, на Сталин му бил потребен човек што беспоговорно ќе ги извршува поставените задачи добиени од Москва.
     Таков човек бил најден во ликот на В’лко Червенков, кој на V конгрес на БКП бил избран за един од секретарите на Централниот комитет.
     Набрзо по одржувањето на V конгрес на БКП, генералниот  секретар Георги Димитров, “незабележано“ и “тивко“, од “здравствени“ птичини,  на В’лко Червенков постепено му го “препуштил“ рководењето со Политбирото и ЦК на БКП. Се разбира, дека сето тоа се вршило со предходна согласност, одобрение и поддржка на СКП (б) односно на Сталин.
     Како потреба се наложувало и отстранувањето на уште една доминантна фигура од бугарската партиска политичка сцена. Тоа бил Трајчо Костов. Навистина, неговото отстранување започнало уште додека бил жив Георги Димитров, но и тогаш целата акција ја водел и докрај ја извел Червенков.
     Во периодот по смртта на Георги Димитров (2.Vll. 1949 година), по судењето, пресудата и екзекуција на Трајчо Костов (декември 1949 година) и по релативно, условно речено, брзата смрт на заменикот на Г. Димитров, Васил Коларов (23.l 1950 година), од редовете на Политбирото и од самиот ЦК на БКП биле отстранети речиси сите партиски и воени рководители што го предводеле антифашистичкиот отпор во Бугарија во периодот меѓу двете светски војни и за време на Втората светска војна. На нивно место биле поставени Бугари кои провеле како емигранти повеќе од 20-25 години во Советскиот Сојуз. Во тој период, во Бугарија и во таканаречениот “източен блок“, веќе била создадена состојба на сомневања и недоверба, на неосновани обвиненија и репресии над рководните политички и државни рководители. Слободно може да се рече дека никој не верувал во никого и никој со сигурност не знаел од каде пристегнувале наредбите. Секој оној што не ги изваршувал поставените задачи бил потенцијален кандидат да стане жртва.
     Така, на пример, од почетокот на 1949 година, од Политбирото и ЦК на БКП биле остранети или починале: Георги Димитров,Трајчо Костов, Васил Коларов, Добри Терпешев, Антон Југов, Цола Драгојчева, Петро Кунин, Јордан Катранџиев, Димитар Ганев, Васил Марков, Иван Масларов, Бојан Б’лгарјанов, Никола Павлов-Камар, Манол Секеларов и др. На нивно место биле доведени луѓе чии единствени квалитети биле верно да му служат на Советскиот Сојуз и да поседуваат ропска покорност кон СКП (б) и Сталин. Такви личности биле новонаименуваните членови на ЦК на БКП: Стела Благоева, која во Советскиот Сојуз престојувала од 1926 година, а се вратила во Бугарија 1946 година; Кирил Лазаров, кој во СССР бил од 1924 до 1945 година; Карло Луканов, од 1926 до 1945 година; Фердинанд Козовски, од 1926 до 1944 година, Петар Панчевски од 1926 до 1945 година; Елена Михајлова (сестра на Георги Димитров и спруга на В’лко Червенков) и Александар Иванов Миленков, од 1928 до 1944 година. И покрај се, со новиот избор, ЦК на БКП не бил пополнет во целост. Меѓутоа, за В’лко Червенков и новоизбраните членови на ЦК тоа не претставувало никаква пречка за извршување на поставените задачи и на директивите што доаѓале од Москва.
     Таквиот начин на работа и дејствување на В. Червенков му овозможувале токму решенијата н V конгрес на БКП Според нив, отлуките на Конгресот, како и отлуките на повисоките партиски форуми и органи не се постажужале за дискусийа. Тие, од страна на пониските државни и партиски органи требало да се извршуваат без поговор и биле давани само како информација. За нив не се водела никаква дискусија. Истото тоа му било овозможено и со укинувањето на законот за имунитет, нешто што му овозможило да врши следења, изтраги и апсења на највисоките партиски и државни рководители. Уште повеќе, во истражните процедури, апсењата и судските подготовки на монтираните “судски процеси“, секогаш учествувале “специалисти“ – истражни судии дојдени од Соведскиот Сојуз.
     Со изборот на В. Червенков за претседател на Министерскиот совет, относно на Владата на НР Бугарија и за генерален секретар на ЦК на БКП, власта била концентрирана во рацете на един човек. Новата политика што ја спроведувал Червенков, по својата форма, засолната под плаштот на засилената класна борба и воведувањето на диктатура на пролетаријатот, во суштина преставувала чиста копија на внатрешното уредување на Советскиот Сојуз. Меѓународната политика на  НР Бугарија била сосема зависна од политиката на Советскиот Сојуз. Откако биле извршени сите крупни промени во врвот на БКП и во бугарското државно раководство, лесно можело да се продолжи со истата политика на пониско ниво.

5. Курсот на новата политика во пиринскиот крај

       Новата  политика  во  пиринскиот дел  на Македонија се спроведувала по неколку правци, односно линии: партиска, административно-државна, воспитно-образовна, истражно-полициска, судска и др.
       Бидејќи опозиционните партии и организации во пиринскиот крај имале мошне слаба  активност,  по  судскиот процес и пресудата против Никола Петков, тие сосема престанале да егзистираат. Противници на спроведувањето на новата политика во пиринскиот дел на Македонија останале само оние што имале јасна македонска национална свест и определба, како и  национално  свесните  пар-тиски и отечественофро-нтовски раководители и раководителите на пора-нешната Македонска наро-дна федерална органи-зација.
       За  полесно и поуспешно спроведување на новата политика во пиринскиот крај, бугарската партија и држава донеле бројни решенија со кои биле отстранети сите  македонски  партиски и отечественофронтовски раководители кои во периодот 1944-1948 година, со своето активно учество, придонесувале за расцутот и националната афирмација на Македонците во пиринскиот дел на Македонија. На нивно место биле именувани личности што слепо ќе ја спроведуваат новата политика.
       Спроведувајќи ја новата политика, особено онаа во однос на македонската нација и држава, новата партиска и државна раководна структура во Бугарија започнала систематски да ги отстранува национално свесните македонски раководители. Тоа особено дошло до  полн  израз  за време на јакнењето на позицијата во БКП на В’лко Червенков. Таквата политика прво започнала да се спроведува преку околиските комитети, кои по февруари 1948 година се наоѓале под директно раководство и контрола на Централниот комитет на БРП (к).

(Продолжува)
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Календар:
Македония помни
По пътя към единството
Кой е канонизираният...
ПИРИН - член наблюдател в ЕFА
И на кръста посегнаха!
Робовладелчески манталитет