ОМО “Илинден“ ПИРИН развива активна дејност за заштита првата на Македонците во Бугариjа. - Во врска со тоа е и претстоjното обединување на ОМО ПИРИН со ОМО “Илинден“ ПИРИН - Една од првите позитивни последици е тоа што ОМО ПИРИН го отстапи своето место што требаше да го добие во Европската слободна алиjанса - На 11 мај делегациjа од членови на двете партии одпатува за Брисел за да учествува на Дваесет и петата генерална асамблеjа на EFA - На неа ОМО “Илинден“ ПИРИН доби статус на член набљудувач - За прв пат во историjата во Европскиот парламент се зборува на македонски јазик
ДА НЕ ГО ИСПУШТИМЕ ИСТОРИСКИОТ МОМЕНТ!
НА ПОВИДОК - ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СИЛИ ВО БУГАРИJА
ОМО „Илинден“ ПИРИН стана член на Европската слободна алианса. Несомнено голем и долго очекуван успех. Доаѓа во времето кога е во тек обновувањето на оваа македонска партија и сигурно ќе биде уште еден плус за нејзината успешна регистрација.
Зошто уште еден? Затоа што оваа наша прва регистрирана партија веќе има во рака еден голем адут. Пресудата во Страз-бург со која беше про-гласена за недемократска одлуката на бугарскиот уставен суд со која регистрацијата на ОМО „Илинден“ ПИРИН беше одземена. Беше одземена, да припомниме, со објас-нувањето дека е таа се-паратистичка и опасна за сигурността на земјата. Какво само поигрување со вистината. А суштинската причина беше јасна – се бореше за правата на непризнаеното малцинство – македонското.
Но еве, забранетата партија воскреснува и со своето обновување веќе е член на Европската сло-бодна алианса. ОМО ПИРИН се обединува со неа. Ја доби подршката на три македонски орга-низации., а на прагот е одржување на основачки конгрес со над 500 делегати од Пиринска Македонија и од цела Бугарија.
Останува уште само еден чекор и ... На повидок е ... обединување.
Да, обединување! Колко и неверојатно да звучи овој збор по сите години на срамни поделби и меѓу-себни непријателства. Пот-ребата е многу голема. Мо-ментот е историски за Ма-кедонците во Бугарија. Веќе сите израснаа до мислата дека ни треба партија, дека без учество во политичкиот живот не можеме да се избориме за своите права. Но потребата за единство се зголемува и од фактот што „случајно“, во годината кога се очекуваше пресудата во Страсбург, законот беше изменет и сега веќе се необходни „само“ 5 000 членови. Под овие услови се има регистрирано само една бугарска партија (останатите си се прере-гистрираа само со промена во статутите). И така прагот кој првин беше 50 души и мегувремено беше кренат на 500 (но него без никаков проблем во 2002 г. го помина ОМО ПИРИН создадена од 713 осно-вачи), сега стигна 5 000 и ОМО „Илинден“ПИРИН ќе треба да направи вистински подвиг за да се регистрира. А големиот предизвик, големата тешкотија раѓа потреба и желба за со-единување на силите. Ова изгледа го заборавија оние што злонамерно го коваа овој антималцински закон, дека обидувајќи се да ги спречат Македонците да влезат со своја партија во политичкиот живот можат да предизвикат она од што најмногу се плашат – обединување.
Но, дали е тоа само наша желба? Не – тоа е желба на сите македонски дејци. И има некои многу пози-тивни навестувања. Така предлогот што беше изди-гнат (и за кој во минатиот број пишувавме) „Повеќе организации – една пар-тија“ беше не само добар, но и добро пречекан. Дознаваме дека и во ОМО „Илинден“ стигнале до идејата дека е неопходна партија. Дознаваме исто дека во раководствата на партиите и на споменатата организација сериозно се размислува за уште еден обид за обединување. Овој пат барем едно прашање е расчистено сигурно – ќе се прави партија. Исто и некои други добри сигнали до-аѓаат според кои барања како „Надвор бугарските окупаторски војски“ и „Забрана на бугарските по-литички партии во Пирин-ска Македонија“ конечно се изоставени. Идејните ра-злики се помали одсекогаш, а пречките никогаш не биле толку совладливи.
Сега е времето!
Како тоа ќе се изведе? Останува да се види. Но, по секоја веројатност за основа ќе послужи ОМО „Илинден“ ПИРИН и тоа не за друго, а поради двете го-леми спомнати предности што оваа партија ги по-седува за својата регистра-ција – пресудата во Стрaз-бург и членството во ЕFА (да потсетиме дека на интервенцијата на ЕFА се должи регистрацијата на „Виножито“ во Грција).
Моментот е историски.
АKO сега не направиме нешто и ја испуштиме шансата за обединување, и - не дај Боже - шансата за регистрација, идните генерации нема да ни простат. Не! Ние самите никогаш нема да си простиме што сме дозволиле такво нешто да се случи!
И така, со Господ напред!