Към начална страница...
 
ЈАС МИСЛАМ
Атанас Величков
Се е во наши раце
       Македонијо убава земја си ти нема спор. Сe си имаш и убава природа и убав народ, богата и херојска историја. Само соседите нешто не ти се погодија, фрлија ти го мераков, сакат се да ти земат. Се прашуваш кој ќе те спаси, од тоа “сакаwе”, кое ни го ударија посебно нашиве мили източни соседи. Се прашуваш кај е Александар - остана во Вавилон, се прашуваш кај е Гоце - и него го нема веќе 103 години. Јане остана на Папаз Чаир убиен од платеници на тие што нас најмногу не “сакаат”. Aма нема врска ќе ти се родат други херои. Се прашуваш кај да ги најдеме хероите меѓу масата народ.
       Тие сами ќе се пријават во борбата за твојот прогрес, тие нема да бидат дел од безличната маса, тие ќе бидат твојте нови херои. Од нив веќе не се сакат пари за пушки а само едно единствено многу едноставно нешто да признаат дека се Mакедонци. Да мил мој народе на пиринскиот дел тоа е наменето за тебе. Време е народе, нема место овде за каснење од настаните. Да покажеме на светот дека постоиме и не има. Никој не ни може ништо, затоа што ако сами не си наштетиме нашата борба ќе биде успешна. Да не им веруваме на туѓите пропаганди, да не ги примаме здраво за готово. Сега ние сме на потег да бидеме на местото на Гоце и Јане, овој пат не со пушка и сабја а со перо и памет. За тоа исто се бара смелост и цврст карактер. Дали ќе бидеме тие што ќе слават на крајот, зависи од самите нас и од никој друг.
       Македонскиот народ е докажал на многу пати во историјата, дека сам решава - така беше и со Карпош и со Илинден. Тогаш ти народе не се исплаши од моќта на Османската империја, а сега се плашиш да се определиш и чекаш некој друг да ти каже каков си. Тоа е голема грешка, нека ако еднаш сме погрешиле, да не го повторуваме дебаклот. Денес ја нема веќе Државна Безбедност, нема ги логорите. Постои се уште стравот, ама и тој ќе изчезне, прашање е само кога. Постои и бугарската пропаганда, неа треба да ја примаме само како последни обиди на бугарските шовинисти да го одрекуваат постоењето на македонска нација. Да се учиме од противниците на македонската кауза, да им ги откриваме грешките, и како шамар да им ги покажуваме пред нечесните лица. По мирен пат, да не паѓаме на нивно ниво. Ако постигнеме успех, ќе бидеме како Гоце и Јане, ако не успееме, ќе ни остане барем чиста совеста дека сме пробалe да направимe нешто позитивно. Ако стоимe настрана само како набљудувачи, нема да бидеме личности а ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО.
Криворазбраното самоопределение...
Има ли нещо свято за тях?
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
101 г. от гибелта
на Никола Карев
Тежко му на патриотизма!
Ново начало на борбата за регистрация...
Заборавениот гроб...