Патување од (Црнобуки) до Алба Фученс (Италија)
ЗАБОРАВЕНИОТ ГРОБ НА МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ ПЕРСЕЈ
ПРОФ. КИРИЛ ДОБРУШЕВСКИ
Крајот на мај минатата година ќе остане во моето сеќавање и, се разбира, во сеќавањето на сите што ја сочинуваа делегацијата која отиде на гробот на последниот Крал на Антична Македонија – Персеј. Нашите домаќини – организаторите на Поетската средба на Европа што се одржува во Червара ди Рома, посетата на гробот на Персеј ја ставија и во официјалната програма, во наша чест, секако. Им благодариме на градоначалникот на Червара Џулио Роси, на Силвано Галон (претседател на Средбата) и, секако на професор Винченцо Бјанки, познат италијански скулптор, поет и голем пријател на Македонија. Со задоволство се сеќавам и на придружбата на љубезниот парох Дон Аугусто кој на мое барање ја документира посетата на ова светилиште.
Последниот ден на мај 2005 година, јас и Борис Вишински, по 2167 години од смртта на последниот Крал на Македонија – Персеј, положивме букет свежо цвеќе. Нашите домаќини напишаа дека букетот е положен од Управата на Маљано деи Матси и Македонскиот народ. Зашто да не?
Персеј, синот на Филип петти Македонски е последниот и најнесреќниот Крал на Македонија. Со поразот што го претрпел во Третата Римско-Македонска војна во 168 година пред нашата ера којашто се водила во Пелагонија, па се до Пинд, дефинитивно пропаѓа една од најголемите империи во светската историја – Македонската империја. Победник, римскиот конзул Лучо Емилио Паоло наредил Персеј со семејството (децата: Филип, Лариса и Александар) и кралската придружба да биде отведен во Рим, а потоа задочен во римската стратешка тврдина Алба Фученс.
Од Алба Фученс денес има само ѕидини кои ги чуваат тајните не само на македонскиот Крал Персеј, туку и на другите кралеви кои таму биле заточени. Во нивна близина ома мала убава населба чиј Градоначалник со големо внимание не дочека и ни приреди прекрасен прием кој, бездруго требва да му биде возвратен. Чествувањето на гробот на Кралот Персеј, според градоначалникот, требва да биде само почеток на една динамична комуникација меѓу Македонија и Италија. Желба којашто ја споделивме и ние. Со задовплство.
Заѓадочна смрт на Кралот Персеј
Поразот од Римјаните, пропаста на Македонската империја и заточеништвото биле доволна причина за страдањата на Персеј. Тој не бил обичен заточеник. Иако слободен да се движи во грсниците на градот Алба Фученс, тој бил будно следен. Не можеќи да се помери со сопствената и со судбината на Македонската Империја, според едни документи, по четери години заточеништво, Персеј се самоубил (според разкажувањето на Петерколо). Но, Диодоро вели дека две години откако бил префрлен во Алба Фученс, од војниците кои го чувале бил присилен да умре (никако не го оставале да спие). Истото го разкажува и Плутарх кога зборува за животот на Паоло Емилио. Но, истиот автор вели дека Персеј, според други автори, самиот и се препуштил на смртта отражуваќи се од јадење. Очигледно, за смртта на Персеј има орилично нејаснотии.
- За првпат, по 2167 години од трагичниот крај на последниот Крал на Македонија Персеј, положен букет цвеќе на неговиот гроб во Маљано деи Марси (Италија)
- Краток живот и на трите деца на Персеј: Филип, Лариса и Александар
- Дали гробот што здрачи низ вековите може да ја осветли и нашата сегашност?
Според достапните информации, животот на последниот Крал на Македонија згаснал во 162 година пред Христос (за годината на смртта на Персеј ореданијата не се едногласни и осцилираат меѓу 165 – Diodoro XXXI 9,5 – 163 - VELLEO 1, II, I–и 162 – PORFIRIO DI TIRO = FgrHist 260) И како што било ред во Римската Империја, Римскиот сенат, на сметка на државата му направил достоен погреб на Персеј и му изградил гробница. Таа се наоѓа надвор од границите на Алба Фученс, покрај патот Валерија – прометната сообраќајница во тоа време, веројатно за гробот да биде упадлив.
Несреќен Крал – несреќни деца
Персеј, според разположливата документација, имал три деца. Најстариот бил синот Филип, второто дете – керката Лариса, и третото – синот Александар. За Филип, кој бил несудениот наследник, се вели дека починал по две години. За смртта на ќерката Лариса, засега, нема податоци. За синот Александар се вели дека направил обид да ја избегне несреќната судбина на братот Филип и сестрата Лариса. Наводно се посветил на учењето, посебно на латинскиот јазик. Се вработил како писар во римската администрација и заработувал скромна плата. За жал, нито тој не поживеал многу долго.
Очигледно, децата на несреќниот татко, не ја избегнале несреќната судбина. Својот живот го завршиле кратко време по завршувањето на постоењето на Македонската Империја која и по толку илјади години го превлекува вниманието на научниците, па и на обичните луѓе.
Хронологија на откривањето
Посетата на гробот на последниот Крал на Антична Македонија – Персеј, исто како и неговото откривање имаат своја предисторија. Впрочен, познато е дека до некои значејни сознанија или откритија, честопати се доаѓа случајно.
Пред три години на мојата домашна адреса пристигна монографијата Виа Егнација од Макеле Фасоло (адресата, веројатно ја нашол на вебстраницата на Амбасадата на Италија во Скопие). Книгата веднаш го предизвика мојот интерес, па јас го поканив да ја посети Македонија за да ја запознае трасата на Виа Егнација што минува низ Македонија. Тој дојде во Македонија и го започнавме изодувањето на Виа Егнација, во придружба на проф. Виктор Лилчиќ (од Институтот за археологија во Скопје) и Енгин Нсух од Саводот за заштита на спомениците од Битола. Поменувајќи ги деловите на овој значаен антички пат во разговорите се навраќавме на подалечното минато и неговите рефлексии врз сегашноста. Токму тогаш јас дознав дека археолошкиот локалитет Градиште што се наоѓа во моето родно село Црнобуки е, всушност, античкиот град Персеида. Тоа сознание значеше почеток на моето мало патување во изторијата на Античка Македонија – најголемата империја во историјата на човештвото.
Тежок пат за неупатените
Историјата, поради лошата судбина на нашиот народ и на Македонија, никогаш не ми беше омилена. Но, Археолошката карта на Македонија, морав да ја читам повеќепати зашто мојот пријател од Рим Микеле Фасоло побара да му ги преведам на италијански јазик податоците за сите места каде што минува патеката на Виа Егнација. Преведувајќи делови од Археолошката карта на Македонија дознав дека во Црнобуки има десетина интересни археолошки локалитети, но за мене најзначаен беше локалитетот Градиште каде како дете по изорувањето на нивите собирав висаци и разни статуетки кои потоа ги носев во Музејот во Битола. Притоа добивав пари колку за купување на един кибрит. Кибритите брзо се трошеа, а дали статуетките уште се наоѓат во битолскиот музеј – не знам. Оние предмети на коишто се сеќевам, ги имам препарувано но не ги имам најдено (можеби и не се никаде изложени). Но, Градиште постои, а месното население љубоморното го чува од натрапниците кои трагаат по антички редкости.
Но, не беше лесно да се пронајдат податоци дека токму локалитетот Градиште е античкиот град Персеида. Очигледно, тежко за неупатените, зашто упатените секогаш се презафатени со други работи. Но, сепак, добив помош и дојдов до бараните податоци кои потврдуваат дека Градиште, относно Персеида е градот изграден од Филип петти Македонски во 183 година пред Христос, крстен по син му Персеј – последниот Крал на Античка Македонија. Тоа за мене беше вистенски предизвик. Се надевам дека ќе ги предизвика и археолозите од Македонија, а можеби и од странство докрај да ги утврдат сите релевантни факти.
Персеида – град изграден по кралски вкус
Според книгата ЌАнтички градови во МакедонијаЌ од авторот Иван Микулчиќ, издадена од Македонската Академија на Науките и Уметностите во 1999 година, античкиот град Персеида се лоцира во Црнобуки. Поточно, на ридчето Градиште кое се наоѓа на северната страна од селската црква “Свети Димитрија”.
Според забележувањата на Микулчиќ, Персеида е ЌПоставена на вештачки моделирана тераса која јазичесто избива од ридот и навлегува во долината на Шемница... Терасата одгоре е зарамнета со високо насипан раб, подѕидан со камен без малтер. Околу овај простор како рамка се протега уште една тераса, потесна и значително пониска од првата. И таа била заштитена со одбранбен ѕид граден на ист начин како и предходниот... Овај ѕид бил широк 2 метри. Само од север, преку рамно седло постоел лесен пристап. Укрепениот простор е голем 305 х 140/90 м. И зафаќал површина од 4,5 хектари. Во источното подножје се протега уште една стамбена тераса подпрена на горниот простор, но само делумно укрепена...“
Според согледувањата на Микулчиќ, оваа населба не се развивала постапно, туку била изградена наеднаш и строго плански. Тој мисли дека ова гратче живеело главно од експлотација на руди и обработка на метали од околните рудници и имало големо стратешко значење. Практично, од Градиште – Персеида битолскиот дел на Пелагонија се гледа како на дланка.
Сознанија добиени по Вина Егнација
Моите сознанија за Пресеида дојдоа со патувањето по римскиот пат Виа Егнација, а професорот Бинченцо Бјанки до лоцирањето на гробот на Кралот Персеј дојде истражувајќи ги мегалитските камења кои ги има во Чочарија, во Абруцо и во Скопје. Барајќи ги културноисториските врски меѓу Италија и Македонија, почетуваниот професор Бјанки воспостави уште една врска меѓу двете држави и двата народи – италијанскиот и македонскиот. Но, дали гробот што здрачи низ вековите може да ја осветли и нашата сегашност, најмногу зависи од нас самите. Љубезниот Градоначалник и сите наши италијански пријатели упатија топла покана до нашата локална власт за посета на ова светилиште и за воспоставување соработка. Поканата останува отворена, но за жал, се уште без отговор. Конзулска Битола – молчи! Зашто?
Во меѓувреме, во Битола е основано Здружение за промоција на Градиште – Персеида кое има амбиции да работи на расветлување на сите околности поврзани со овој значаен археолошки локалитет.