Към начална страница...
 
Тивкиот бел ветер
ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ ДЕКЛАРИРААТ: НИЕ КЕ СИ JА ВИКАМЕ МАКЕДОНИJА

       Спорот за името на Македонија веќе втора деценија ги вгорчува относите меѓу двата соседни народа – македонскиот и грчкиот. Со години вчудоневидуваше грчката единственост и упорност во присвојувањето на нашето име. Гласовите на разумот беа малку во Грција, скоро и да ги немаше.  Но најпосле на југ дуват нови, потопли ветришта. И снегот полека започнува да се топи.

       Во петиција објавена во  бројот од 15 март 2006 г.  на атинскиот дневен весник „Елефтеротипија“, 56 лево-ориентирани грчки инте-лектуалци се декларираа дека решиле Република Ма-кедонија да ја нарекуваат со нејзиното уставно име, независно од ставот на официјална Атина.
       „Ќе отстапиме од наци-оналната линија и ќе ја на-рекуваме Република Маке-донија со нејзиното устав-но име, со нејзиното един-ствено вистинско име,“ се наведува во документот.
       Во текстот, како што јавува МИА, се посочува дека Република Македони-ја е признаена под тоа име од десетици земји и на тој начин терминот „постои во говорот и свеста на си-те, освен на грчките нацио-налисти“.
       Поголем број потпис-ници на петицијата се левоориентирани грчки ин-телектуалци и универзитет-ски професори, кои живеат во Грција и во странство. „Елефтеротипија“ ја прене-сува целата петиција, заедно со имињата, профе-сијата и местото на живе-ење на сите 56 потписници.
       Едно пиле навистина не прави пролет. Но по првите ластовици познаваме дека таа наближува.

       И така, најпосле промена кај соседот. Радосно е и не изненадува фактот што начело се интелектуалците. Тие се совеста и мудростта на нацијата. Навистина стравот сеуште е голем, повеќето подписници живеат во странство, но тоа само ја зголемува вредноста на направениот чекор, за во Грција очигледно – тоа е храброст близко до хероизмот. Постоењето на такви луѓе ни дава надеж за иднината!

(По македонскиот печат)


Криворазбраното самоопределение...
Има ли нещо свято за тях?
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
101 г. от гибелта
на Никола Карев
Тежко му на патриотизма!
Ново начало на борбата за регистрация...
Заборавениот гроб...