Към начална страница...
 
НЕ БАРАЈТЕ ФАЛСИФИКАТИ ТАМУ КАДЕ ШТО ГИ НЕМА
ИСТОРИЈАТА Е ОД КОРИСТ ТОГАШ КОГА СЕ СОЧУВАНИ ВРЕДНОСТИТЕ ВО НЕА




       
       ОПШОПОЗНАТА е постојаната бугарска национална пропаганда која на својот народ му ги всадува своите мегаломански аспирации кон територијата и населението на Македонија. И бидејќи оваа пропаганда е присутна секојдневно во националните и другите телевизиски канали, во списанијата, во весниците и во разните форми на “просветување“, овај факт во Бугарија не може да биде порекнуван.

       Особено видливо е како овие тежко задишани од абсурди пропагатори измислуваат, бараат нешто, со кое би ја изчешале шовинистичката краста. Токму таквата состојба е и причина да ги напишам овие редови. Но, за што всушност станува збор?
       Како што е познато, на 14 март годинава, бугарскиот министер на образованието Даниел Влчев беше во официјална посета на Република Македонија, кај својот македонски колега Азис Положани. Такви средби, посебно за соседни земји, се важни и корисни.
       Да, тоа е така, важни се и корисни, но не и еднакво вреднувани. Бидејќи за бугарскиот вестник “Дневен труд“ и неговиот пишувач Красимир Узунов овие контакти можат да се искористат за пропагандирање на бугарштината и безобразно негирање на сe* македонско.  Еве што пишува Красимир Узунов во весникот “Дневен труд“ од 15  март годинава во врска со посетата на бугарскиот министер на образованието Даниел Влчев: “Скопие му вети на Даниел Влчев дека ќе ги избрише навредите против Бугарија“. Подолу, составувачот појаснува: “Зборот е може би најважниот дел од современата историја – периодот од Првата светска војна до наши денови. 128 страници заедно со составувачите, предговорот и содржината на издавачите од “Просветно дело“ – Скопје“.
       Овој бугарски “добронамерник“ на Република Македонија (се гледа од погоре кажаното) има голема желба овие 128 страници да отпаднат од македонската историја.
       Но, зашто?
       Узунов дообјаснува: “...Азис Положани вети од македонските учебници по историја да бидат протерани сите гнасни приказни, кои разкажуват за бугарскиот окупатор, за бугарската денационализаторска политика, за дејноста на бугарската црква и бугарските училишта против македонската национална свест, за тоа што биле лидерите на македонското национално движењие...“.
       Навистина многу интересни (и болни) желби!... Но постои една поучна поговорка: “Гладна кокошка просо сонува“. Местото на господинот Узунов и в. “Дневен труд“ е таму, кај гладната кокошка. Зашто?
       Затоа што историјата си останува историја и бугарските окупаторски војски во Македонија со своите злодела сами ја имаат напишано таа жестока историја. И зашто бегате денес од зборот окупација? Та, нели вашите војски тогаш го носеа официално името “Окопационен корпус“?
Бугарската полиција за време на окупацијата во Македонија исто ја има пишувано таквата историја со своите зулуми. Бугарските училишта и егзархија проповедале, насадувале и го труеле македонското население со својата бугарштина. Ја убивале македонската национална свест и сеќавање, и со тоа на дело ја спроведувале својата денационализаторска политика.
       Во посочената желба натопена во мизерна фантазија е вклучено и прашането “... За тоа што биле лидерите на национално-ослободителното движењие“. Со един збор: тие да бидат признати за бугарски. А, се случи ли тоа, тогаш значи Бугарија ќе ја има исполнето својата национална доктрина, т.е. бугарските војски во Македонија не се окупаторски, бугарските училишта и егзархијата ја проповедале бугарштината, но на население кое не е македонско, туку бугарско. Лидерите на национално-ослободителното движење се Бугари и се имат борено за ослободувањето на Македонија, која требва да се присоедени кон својата мајка Бугарија.  Тоа е едната страна кажаното досега.
       А другата е во тоа што министерот за образование на Република Македонија Азис Положани, според македонскиот дневен весник “Вечер“ ја дава следната информација: “Двајцата министри во понеделникот, на 13 март, во Скопје имаа заедничка пресконференција. Иако овие прашања беа поставени од бугарските новинари, министрите отговорија дека нивната политика се стреми кон заедничка иднина во Европската унија, и отфрлија каква било можност за  ревидирање на Историјата. И вчера во кабинетот на министерот Положани, негираа какво било ветување за промена на македонската историја.
       Тоа се шпекулации. Се што разговаеавме и договоривме беше јавно обелоденето – прокоментира Положани...“.
       Оваа информација во македонскиот весник докажува колку ниско има паднато бугарската пропагандна машина, за да ја остварува својата абсурдна и погубна политика. Зарем бугарските државници, политичари, интелигенција и научници не гледат накаде ги турка оваа не само неотговорна, туку и бесрамна политика кон соседна земја!? Ние, Македонците, сме цврсто убедени, дека таквата политика не води кон добро за бугарскиот народ. Благодарејќи на оваа погрешна пропаганда и философија за изградба на голема Бугарија се појави и изродчето “Атака’.
       А весникот “Струма’ од 20 март годинава има објавено статија, во која професор д-р Григор Велев станува конкурент на “Атака“ изјавувајќи го следното: “Ние сме единствената вистенска национална партија.“ Според  в. “Струма“, професор Велев е лидер на национална партија во земјата – Обединување на бугарските националисти ’Целокупна Бугарија3. Еве цитат од весникот:
       “645 офицери резервисти, интелектуалци, фармери и др. На денот на националниот  празник 3-ти март во Софија ја основавме ’Целокупна Бугарија“, објаснил професорот. Истиот овој професор бил, според објавеното во “Струма“. Советник на поранешниот премиер на Република Македонија Љубчо Георгиевски.“  Во моментов партијата очекувала регистрација, имала силни  структури во Софија, Бургас, Варна, Ботевград, во Петрич, се засилувала меѓу бугарските државјани во пет македонски града – Струмица, Прилеп, Битола, Охрид и Струга, а идеите на партијата ја заинтерисирале и бугарската заедница во Торонто, Канада. И уште дека целта на партијата е да се борат против етничките партии, дека “тајните служби, или така нареченото генералско движењие го создадоа ВМРО, кое не успеа да излезе накрај со својата најважна задача и допушти во срцето на Пиринско да постојат отцепниците Омовци.
       “Кога бев политички советник на македонскиот птемиер Љубчо Георгиевски, го убедив да не им дава ниту стотинка на отцепниците, така тие беа приморани да одат до Ниш, за да им плаќат Србите“ – се пофалил професорот. И уште: “Во моментов во Македонија тече процесот на ребугаризација, има 82 000 молби за бугарско државјанство, кога им ги даваме на Бугарите во Струмица членските карти, ќе им подариме по едно бугарско знаме“ – вети проф. Велев.
       Редакцијата на “Народна волја“ е доволно добро и од внатре запознаена со состојбите во македонското движењие и слободно може да каже дека финансирање од страна на Македонија на “омовци“ никогаш немало (колку и чудно да им звучи на навикнатите со методите на штедрата на пари бугарска политика и пропаганда), а одењето до Ниш и финансирањето од Србите се има случено само во запалените глави на пишман професори-националисти од типот на Велев и Б. Димитров. А судејќи по тоа колку се сериозни и вистени овие фалби на “националниот херој“ Велев, можеме со абсолутна основа да се сомневаме во останатите негови сомнамбулни тврдења, за тоа кому му  бил советник, колку молби за бугарски државјанства биле поднесени (според официални податоци тие се многу пати помалку), за наводните процеси во Р. Македонија (родени во сонот на славната гладна кокошка) за масовната желба да се вклучуват луѓе во неговата партија и т. н. Но, тоа кога ли пак бугарската националистичка пропаганда се служела со вистени наместо со лаѓи?

       Има ли потреба од уште коментар!? Се е од јасно појасно кажано пред бугарската и светска јвност. Лулањето, приспивањето во илузорната санстефанска лулка настојчиво го повикува бугарскиот народ да ја грабне воената труба и да затруби – напред во напад – кон Маредонија! ... И белки тогаш немаштијата, мизеријата, неподносливите маки на обичниот бугарски државјанин конечно ќе се решат.

ЈАН  ПИРИНСКИ
НА БЪЛГАРСКИ...
Криворазбраното самоопределение...
Има ли нещо свято за тях?
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
101 г. от гибелта
на Никола Карев
Тежко му на патриотизма!
Ново начало на борбата за регистрация...
Заборавениот гроб...