Пред гласањето за извештаjот на Меjер
АДМАНДМАНСКА БИТКА ЗА МАКЕДОНИJА ВО БРИСЕЛ
(По македонскиот печат)
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент е бомбардирана со амандмани во однос на годишниот извештаj за напредокот на Македониjа. Таа во почетокот на јуни треба да гласа за амандманите што почнаа да се поднесуваат за извештајот за Македонија на холандскиот пратеник Ерик Мејер.
Амандманската битка во ЕП почна од средината на маj. Досега се поднесени амандманите на Социјалистичката група, а грчкиот пратеник Беглитис, иако нивен член, одлучи своите забелешки да ги поднесе самостојно.
Амандманот на Беглитис се однесува на членот 4 од извештајот, кој во прилог на Македонија забележува дека имињата на повеќе земји во Европа се совпаѓаат со имињата на соседните провинции и дека секоја земја слободно го избира своето име. Мејер го поздравува фактот што македонските национални симболи не се однесуваат на провинциите во Северна Грција иако жали поради промената на името на скопскиот аеродром. Беглитис смета дека овој член треба да се засили и бара од ЕП да донесе резолуција во која од „владата во ПЈРМ ќе се бара да избегнува такво однесување во иднина“. Македонија да престане да шири негативна и националистичка пропаганда кон Грција и да направи ревизија на содржината на училишните учебници и карти, побара уште тоj.
Беглитис исто така потсетува дека нашата земја не може да биде примена во меѓународните организации освен под името признаено во ОН.
На оваа тема и демохристијаните (наjголемата пратеничка група во парламентот) најавуваат амандман што ќе биде во согласност со македонската позиција и во кој ќе се посочува дека спорот со Грција треба да се реши билатерално и дека не смее да влијае врз членството на Македонија во ЕУ.
Социјалистичката група во ЕП не смета дека се потребни амандмани во делот на извештајот, кој се однесува на спорот со Грција. Тие се фокусираат врз политичкиот дијалог, Бадентеровиот принцип и жалат поради бојкотот на Собранието.
Јан Маринус Виерсма, Јозеф Пињор и Ханес Свобода го прецизираат нејасниот дел од извештајот на Мејер, кој бараше интерен договор помеѓу различните етнички групи пред влезот на земјата во ЕУ. Социјалистите сакаат овој дел да се прецизира со подвлекување на принципите на Охридскиот договор, кој мора целосно да се спроведе во делот на децентрализацијата и еднаквата застапеност на национално и локално ниво. Според нив економските реформи нема да имаат загарантиран успех ако во земјата нема политички консензус и меѓуетничка доверба.
Социјалистите ја избегнуваат формулацијата на Мејер, кој фалејќи го Охридскиот договор зборува за „јазични групи“. Наместо тоа, тие зборуваат за „сите граѓани без оглед на етничко потекло“. Успешен Охридски договор е можен само со „употреба на принципот на двојно мнозинство во гласањето на законите (Бадентеров принцип)“.
Социјалистите веруваат дека сегашните разговори ќе доведат до „основа за консензус и список со закони за кои ќе биде потребен Бадентеровиот принцип за да продолжи нормално работата на Собранието“.
Министерот Антонио Милошоски е во Брисел, каде што, пред најавената амандманска битка, ќе се сретне со претставници на социјалистичката, демохристијанската, либералната група и со групата на зелените, како и со претседателот на ЕП Ханс-Герт Потеринг. Негова цел е да се избори за повеќе позитивни забелешки во извештајот за Македонија. кој на пленарно гласање ќе биде ставен во јули, по што треба да добие форма на парламентарна резолуција.
Своj придонес имаат и партиите ОМО "Илинден"-ПИРИН и "Виножито". Како членови на Европската слободна алианса тие беа консултирани за содржината на извештаjот за Македониjа и понудиjа низа на промени и подобрувана. Нивните ставови ке влезат во основата на позициjата што ЕFА ке jа заземе по сите спорни прашана и се добар придонес кон демократиjата во регионот и афирмациjата на Македониjа..
Не се забавиjа да си ги покажат роговите некои од што туку избраните бугарски евродепутати. Евгени Кирилов, пратеник на владејачките бугарски социјалисти во Европскиот парламент, напишал во писмо до Ерик Мејер, дека во Македонија живее бугарско население чии револуционери се бореле за соединување со Бугарија, а Македонците се политичка творба. Кирилов реагира на делови од извештајот на Мејер кои се однесуваат на историското минато на Македонија и на балканскиот регион.
Според сигурни сознанија, речиси е извесно дека групата на социјалистите во Европскиот парламент нема да ја поддржи индивидуалната иницијатива на Кирилов.
- Со оваа „лекција по историја“, која може да се нарече ревизионистичка, Кирилов само се бламира самиот себеси. Неговиот текст не предлага конструктивен амандман на извештајот, како што тоа е вообичаено, туку држи лекции по историја според сопственото толкување - вели бриселски дипломат.
Тој е уверен дека ни социјалистите од чии редови Кирилов доаѓа, ни другите политички групи нема да прифатат ваков „упад“ во парламентарната процедура. Бугарскиот пратеник го повика Мејер да ги „преформулира спорните моменти од историјата на Балканскиот Полуостров“.
- По Втората светска војна, под притисок на Комунистичката интернационала и властите на Југославија, беше решено да се создаде нова македонска нација. Новата историја й создава проблеми не само на Грција туку и на Бугарија. Недозволиво е за бугарското општество да се манипулираат факти врзани за бугарската историја - потенцира Кирилов во писмото.
Тој му префрла на холандскиот пратеник што ја опишува територијата на Македонија како дел од историјата на древна Грција, Османската империја и поранешна Југославија. Според него, територијата на Македонија се’ до падот на Бугарија под Османската империја била под власт на бугарската држава.
- Историски ви е неточна оценката за договорот од Сан Стефано. Македонското население не се спротивставувало да биде дел од Бугарија. Напротив, овој договор успева да ги обедини сите територии каде што населението е целосно бугарско. Според турските податоци и енциклопедијата „Британика“, во Македонија преовладува бугарско население. Револуционерна организација е создадена од бугарското население во тие региони и центри и целта и’ е да извојуваат политичка автономија за двете области од Османската империја и да се присоединат кон родната Бугарија.
Со таквите неписмени тврдена Кирилов не само се станужа за подсмев во парламентот, но и ги запознава европските пратеници со абсурдните митови на великобугарскиот национализам, со што несакаjки им врши услуга на Македонците в Бугариjа. Сега сите можат да видат со какви забегани политичари и со каков абсурден национализам тие се принудени да си имаат работа.
Извештајот за Македонија на пленарно гласање ќе биде ставен во јули, по што треба да добие форма на парламентарна резолуција.