Каде го видоа македонските партиски раководители враќањето на бугарската политика на димитровските позиции во однос на националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија, за нас е непознато. Меѓутоа, пред да поминеме на четвртата и последна фаза во политиката на СФР Југославија, односно СР Македонија спрема положбата на Македонците во пиринскиот дел на Македонија и во Бугарија, должни сме да го одбележиме фактот дека во оваа последна фаза, при објавувањето на научните статии во единственото историско научно списание Гласник на ИНИ, историчарите го изгубија приматот и него го презедоа југословенските, односно македонските политичари. До 1979 година, на страниците на списанието среќаваме написи на: Јосип Броз Тито, Лазар Мојсов, Ангел Чемерски. Љупчо Арсов, Стане Доланц, Вељко Влаховиќ, Лазар Колишевски, Видое Смилевски, Никола Минчев, Бошко Станковски, Благоја Талевски, Кирил Миљовски, Душко Поповски, Крсте Црвенковски и Цветко Узуновски. Сите тие, на страниците на институтскиот Гласник се јавиле триесет и три (33) пати.
       Предмет на нивниот интерес пред s# биле Меѓународната политика на Југославија и историјата на Националноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна. Во ниту еден напис гореспоменатите не се задржале на положбата на Македонците во пиринскиот, а уште помалку во егејскиот дел на Македонија.
       Раздвиженоста меѓу младината и во некои интелектуални кругови во СР Македонија и широката активност на македонската историографија, како да предизвикале загриженост во и меѓу партиските и државните раководни структури на СФР Југославија и СР Македонија. И покрај тоа што прашањето за „проблемите на политичката активност во СРМ во врска со положбата на македонските малцинства во НР Бугарија и Грција“ било разгледувано од највисокото партиско раководство, за што веќе стана збор, и на него биле донесени споменатите констатации и заклучоци, сепак, во оваа фаза од меѓусебните односи што биле воспоставени на највисоко југословенско-бугарско ниво, било природно, а и опортурно се налагало да се искористи можноста да биде поставено прашањето за состојбата на Македонците што живееле во Бугарија како македонско национално малцинство и посебно на Македонците во пиринскиот дел на Македонија. При поставувањето на тоа прашање активно учество зеле и македонските раководители Видое Смилевски и Крсте Црвенковски.
       Во делегацијата што ја предводел Ј. Б. Тито при посетата на НР Бугарија во септември 1965 година се наоѓал и Видое Смилевски. При таа посета, кон самиот крај на разговорите, Јосип Броз го покренал македонското прашање, кое било парафразирано од страна на Видое Смилевски, на седницата на Извршниот комитет на ЦК на СКМ што била одржана на 25 октомври 1965 година: „Е, сега, ќе биде празно ако не го поставиме и ова прашање“. Како било поставено прашањето, В. Смилевски не кажува, но на 12-та седница на ИК на ЦК на СКМ, во својот извештај, тој го образложил вака: „Рече дека во тие наши односи тоа прашање може да им посмета на нашите договорени заклучоци (што ќе рече дека уште пред да биде поставено како прашање, заклучоците меѓу југословенската делегација и бугарското раководство биле донесени и прифатени, В.Ј.) за натамошно проширување и продлабочување на односите, да ги доведе во прашање. Тоа негово изнесување предизвика еден шок кај бугарската страна, едно запрепастување. Меѓутоа, како во продолжението другарот Тито разложно почна да го изнесува прашањето, широко и конструктивно да му приоѓа на проблемот, така нив им стануваше се полесно. Тој говореше дека би требало обострано да се избегнуваат оние претерувања на историчарите и наведе за административниот притисок кој се врши врз Македонците да се декларираат за Бугари.“ Во одговорот на поставеното прашање бугарската страна не ја испуштила можноста да ја пласира својата теза дека и тие очекуваат и во СР Македонија секој слободно да може да ја искаже својата национална припадност и тврделе дека во СРМ  se  што се создава било на антибугарска основа а тие тоа не можат да го премолчат. Таквиот бугарски став особено добил јасен израз во разговорот што го воделе В. Смилевски и Мика Шпилјак со Митко Григоров, еден од секретарите на ЦК на БКП и министер во бугарската влада. Според извештајот на В. Смилевски, ставот на бугарската партија и држава спрема македонското национално прашање и посебно спрема македонците од пиринскиот дел на Македонија бил следниов: „очевидно сосем организирано и подготвен истапи по неколку проблеми. Изнесе дека во 1945-1946 година тие сториле груба грешка што извршиле пресија над населението во Пиринска Македонија да се пишат за Македонци... Во врска со тоа, Григоров во продолжението изнесе дека тие имаат многу потешкотии и во пиринскиот крај и со партиското членство. Голем број комунисти, наводно им ги фрлиле партиските книшки, прашувајќи каква е таа партија која ги тера со сила да се пишуваат Македонци иако тие се Бугари. Второ, изнесе дека по иронија на историјата еден дел од бугарскиот народ е одвоен од Бугарија, дека со политичка одлука е создадена македонската нација во НРМ. Тој факт на постоење на СРМ го признаваат, со сегашното македонско раководство немаат такви проблеми  какви што имале порано. Во еден патетичен тон изјави дека немаат ништо против, со оглед на овој факт да постои СРМ, да се изградува таа република и нација во рамките на СФРЈ. Но, ни до 1944 година вон границите на СРМ не постои македонска нација, односно македонско малцинство, јазик и култура. Тука настана еден судир.“
       И покрај несогласувањето и судирот што настанал меѓу Григоров од една страна и В. Смилевски од друга, во заедничкото коминике, односно во изјавите што по средбата ги дале Т. Живков и Ј. Б. Тито, и двајцата го истакнале своето задоволство од изнаоѓањето патишта за билатерална соработка, а за меѓусебната недоверба ги обвинувале „разните историчари кои според своја  волја ја кројат и толкуваат историјата на нашите народи.“
На некои забелешки од извесни македонски кругови зошто македонското национално прашање било поставено дури на крајот од разговорите, во својата дискусија, В. Смилевски дообјаснил: „сметам дека грубо би погрешиле во нашата оцена ако би се сложиле со она дека било неопортуно поставувањето на ова прашање при крајот на разговорите. Постојат и такви емотивни искажувања да требало малку поенергично да се настапи, попотполно да се постави, или дека штом ништо не е објавено во званичното соопштение нема никаква вредност ваквото поставување. Мислам дека тие се неправилни  резонирања  кои  воопшто  не водат сметка за одредена реалност во односите и положбата во самата Бугарија.“
       И покрај јасниот и недвосмислено изнесен општ бугарски став во однос на непризнавањето на македонската нација, јазик, култура и историја, во дискусијата што се повела  за  извештајот на В. Смилевски, некои од дискутантите, поточно повеќето дискутанти  го изразиле своето задоволство од „постигнатите резултати“ од таа средба на највисоко партиско и државно ниво меѓу СФР Југославија и НР Бугарија. Учесниците на таа седница ја искористиле истата повторно да извршат атак врз одредени интелектуални кругови и врз научните работници, особено во областа на историската наука. Така, на пример, Никола Минчев во својата  дискусија  ги барал, ги нашол и ги осудил македонските „националисти“ и нивните националистички ставови и гледања:
Към начална страница...
 
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Од историјата на пиринскиот дел на Македониjа

БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА

Д-р Васил Јотевски
(Продолжува од минатиот број)
       Кон заклучокот на Мито Хаџи Василев се придружил и Крсте Црвенковски, кој во својата дис-кусија, покрај широкото елабори-рање на меѓународната положба на националните малцинства во Азербејџан, Алжир, Виетнам, Ерменија, Узбекистан и пошироко во Африка и Азија, ги осудил движењата на некои младински групи во СР Македонија кои пројавиле идеи за обединета Македонија. Тој во основа се согласил со составите и заклучоците изнесени во рефератот на М. Х. Василев и стасал до таму во својата дискусија Хрватите, Србите, Словенците и Црногорците што живеат во соседните земји како малцинства ги нарекол „Југословенски малцинства“. Кога зборува за односите со НР Бугарија, тој е сосема на страната на општоприфатената југословенска политика и вели: Второ, нивната декларација за враќање на димитровска линија сега е наполно јасна и се очекува, како што беше и доста реално прикажано од другарот Мито Хаџи Василев“.
(Продолжува)
       Текстот е приземен од книгата на Д-р Васил Јотевски "Македонците во пиринскиот дел на Македониjа 1949-1989", која jа продолжува темата на книгата од истиот овтор "Националната афирмациjа на Македонците од пиринскиот дел на Македониjа (1944 - 1948)".
"Амнести"
за нас
Битка за Македониjа
В Европа като периферна нация
Благодарност
за г-н В. Ралев
Лобиране за македонците
ПИРИН -
член на ЕFА