Към начална страница...
 
Делегациjа од Стразбур во Скопjе

ЖЕСТОК ДУЕЛ ЗА ОМО "ИЛИНДЕН"-ПИРИН

(По македонскиот печат)

       ПРАТЕНИКОТ на ЛДП Андреј Жерновски нa 15 мaj на состанокот во Скопје на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа имал жесток дуел со Надежда Михајлова, поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија.
       


Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       ВО  него беше подвлечено дека Македонија прави „огромни чекори“ за да ги исполни обврските, но оти влегува во „критичен момент“ во консолидацијата на структурните реформи.
       Поранешната министер-ка сметала дека Бугарија ги исполнила обврските на Судот од Стразбур.
       Според Жерновски, со кого се согласија и другите македонски парламентарци, Бугарија не може да го над-мине постмониторинг про-цесот ако не ги почитува правата на малцинствата, бидејќи, меѓу другото, Советот на Европа постои за да се почитуваат човековите права. Жерновски  вели дека е разочаран бидејќи пре-миерот Никола Груевски го откажал учеството на сре-дбата, иако било најавено дека ќе присуствува.
       Жерновски вели дека добил ветување оти забе-лешките ќе бидат ставени во извештајот на Советот на Европа.
       - Земја-членка на Советот на Европа не ги почитува одлуките на телата на Советот како што е Судот за човекови права. Побарав во извештајот за Бугарија да биде ставено дека тие не ја почитуваат одлуката на Советот на министри да се регистрира партијата на Македонците ОМО „Илин-ден“-ПИРИН. За ова имавме жесток дуел со Михајлова - изјави Жерновски.
       Известувачката за Бу-гарија од Советот на Европа Хане Северинсен изјави дека Комитетот на министри ќе разгледа се’ што е направено во таа земја во врска со одлуката на Судот во Стразбур.
       - Морам да потсетам дека сите земји-членки на СЕ мора да ги почитуваат и да ги извршуваат пресудите на Судот за човекови права - рече Северинсен.
       Забрзување на рефо-рмите во судството, градење консензус меѓу етничките заедници и борба со корупцијата беа едни од главните прашања за кои Комитетот за мониторинг на ПССЕ разговараше во Скопје со високите претставници на македонската власт. Диску-сиите се фокусираа врз извештајот на претседавачот на Комитетот Едуард Ли-нтнер од 27 февруари годинава.
"Амнести"
за нас
Битка за Македониjа
В Европа като периферна нация
Благодарност
за г-н В. Ралев
Лобиране за македонците
ПИРИН -
член на ЕFА