Към начална страница...
 
       По повод 50-годишнината од смртта во 1990 година коските му беа пренесени со државни почести во специјалната алеја на гробиштата во Скопије.
       Следствено, Димитрија Чуповски, заедно со Крсте Мисирков, е најзначajната личност во современата македонска културно-национална историја. Некогашниот молер и печалбар во Софија и Белград, активистот во „лозарите“ и „вардарците“, стана не само еден од првите револуционерни дејци уште во 1895 година, туку се издигна до највисокиот пиедестал на македонското националноослободително движење и како претседател ја создаде единствената научно-литературна институција што ја има овој народ  s#e  до крајот на Првата светска војна, останувајќи најпоследен борец за чистотата на македонската национална мисла и акција.
       Под непосредно раководство на Д. Чуповски во пазувите на Македонското научно-литературно другарство беше создадена и афирмирана првата македонска национална програма; беше постигнато  значајното признание на македонскиот национален ентитет на словенско ниво; беше првпат и официјално уставно кодифициран македонскиот јазик во служебна употреба; беа поставени основите на современиот македонски литературен јазик и правопис (со азбуката) што беа само озаконети во 1945 година; на тој јазик и правопис беше создадена првата македонска книга и беше напечатено првото научно-литературно и општествено-политичко списание; беа направени подготовките за отворање македонски училишта и составени првите учебници на современ македонски јазик; беше подготвена и напечатена првата национална карта на Македонија на македонски јазик: беше издавана најзначајната периодична македонска публикација se до Ослободувањето „Македонскiй голосъ (Македонски глас)“; со легитимно  полномошно во судбоносниот момент за Македонија беа составени и објавени најзначajните национално поставени државотворни акти во нашата историја - познатите меморандуми на Македонската колонија  за  заштита  на целоста и единството на народот и татковината, а како одговор на тенденциите на Крфската декларација беше  исцизелирана Програмата за една Балканска Демократска Федеративна Република, итн. Најпосле, самиот Димитија Чуповски го подготви и првиот македонско-руски речник, една кратка македонска граматика и сеопфатна историја на македонскиот народ и неговата борба за национална и државна афирмација.
       Може ли денеска да посочиме друг таков пример од нашата поблиска историја?
       Затоа, претседателот на историски веќе дефинираното Македонско научно-литературно другарство застанува на чело на колоната македонски национални дејци и творци што ја започнуваат и вистинската историја на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Ликот на овој корифеј и форматот на Другарството и денеска стојат како непробоен одбранбен бедем пред надворешните и внатрешните посегнувачи по националниот ентитет и државниот суверенитет на Македонците, кога одново се појавуваат старите претензии и се најавуваат нови сериозни закани на овој балкански простор.

МАКЕДОНСКО-РУСКИОТ  ПОЕТ ДИМИТРИЈА  ЧУПОВСКИ  И  ПОЕЗИЈАТА  НА „МАКЕДОНСКIЙ   ГОЛОСЪ“

       Димитрија Димов Чуповски (1878-1940) е познат македонски културно-национален деец, истражувач на македонското минато и култура, организатор на македонската национална мисла и акција, публицист, картограф, етнограф и пред se  еден од основачите и претседател на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902-1917), на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методија“ (1912-1913), на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методија“ (1913-1914), на Македонскиот револуционерен комитет (1917-1925) и лидер на Македонската петербуршка (подоцна: петроградска и ленинградска) колонија (1912-1940). Меѓутоа, речиси никогаш не се спомнува дека Чуповски е и литературен деец што оставил и стихови - на руски и на родниот македонски јазик и со тоа си запишал име во две национални литературни истории, како  дводомен македонско-руски поет.
       Засега со сигурност како негови се утврдени пет патриотски стихотворби, од нив само една е на македонски, а две од нив се најдени во оставнината како ракописи. Бидејќи и од објавените ни една не е отпечатена со неговиот потпис, треба да се претпостави дека и зад некои други од стихотворбите публикувани во сп. „Македонскiй голосъ (Македонски глас)“ се крие авторството на Чуповски. Може само да се претпоставува дека барем до 1942 година во неговата оставнина имало поголем број поетски состави.
       Во потрагата по пишаното наследство на овој многустран национален деец, неочекувано (во еден разговор по телефон) син му Ростислав Д. Чуповски ни соопшти дека пронашол и нови ракописи на татка си. Во писмото од 20 октомври 1972 год. тој меѓу другото ни пишува:
"В письме к Вам от 10 марта с.г. я писал, что разбирая бумаги матери нашел: карту Македонии изданную в 1913 году, написаные рукою отца 3 стихотворения, доклад Наце Димова прочитанный им 28-го февраля 1913 года по Македонскому вопросу. Кроме того, я имею возможность узнать номер телефона Велко, у кого должно находиться  красное знамя Македонии с `Буцефалом` в верхнем левом углу."
На 19 декември 1972 год. Ростислав Чуповски ни пиша:
       "Несколько слов о стихотворениях написанных рукой отца (одно из 3-х написано на Македонски)  и отпечатанной брошюры доклада Н. Д. Димова.
       Мне кажется, что послать эти материалы по почте нет необходимости, если Вы или кто-либо от Вас будет в г. Ленинграде в январе, или даже в феврале месяце 1973 года... Но если Вы считаете необходимым  чтобы я все таки послал Вам эти материалы - напишите мне и я постараюсь их отправить почтой."
       Со разгледница од 28.I.1973 год. Р. Чуповски нe  извести:
       "После В/телефонного звонка - 6 января с. г., направил по домашнему адресу 3 копии стихотворений подписанных рукой отца. Не знаю получили Вы их или нет?"
       На 2 март, на нашите дополнителни прашања  (по добивањето на манускриптите), Ростислав ни одговори:
       "Наличие каких-либо других стихотворений отца нет, и мне об этом ничего не известно. Вероятно что некоторые его творческие попытки в этом направлении и имели место, но как я Вам уже писал, его бумаги и тетради сгорели в 1942 году во время небольшого пожара на Загородном пр. 17."
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Сознајби
НАЦИОНАЛНАТА ДЕJНОСТ НА ДИМИТРИJА ЧУПОВСКИ

(Продолжува од минатиот број)

Акад. Блаже Ристовски
       По Октомвриската револуција Чуповски ја продолжи својата актив-ност во Македонската колонија во Ленинград, подготвувајќи го македон-ско-руски речник, маке-донска граматика, зборник од македонски народни умотворби, историски преглед на Македонија и Македонците и на разви-токот на македонската на-ционална мисла, македон-скиот јазик и македон-ската државносна идеја.По Октомвриската револуција Чуповски ја продолжи својата актив-ност во Македонската колонија во Ленинград, подготвувајќи го македон-ско-руски речник, маке-донска граматика, зборник од македонски народни умотворби, историски преглед на Македонија и Македонците и на разви-токот на македонската на-ционална мисла, македон-скиот јазик и македон-ската државносна идеја.
       Почина во Ленинград на 29 октомври 1940 година, изнесен од домот прекриен со македонското црвено знаме што самиот го имаше подготвено во 1914 година. На црниот гранитен крст син му Ростислав му ги издлабил зборовите што и самиот му ги имаше поставено на споменикот на брат му Наце: Борец за правото и слободата на македонскиот народ.
(Продолжува)
"Амнести"
за нас
Битка за Македониjа
В Европа като периферна нация
Благодарност
за г-н В. Ралев
Лобиране за македонците
ПИРИН -
член на ЕFА