Към начална страница...
 
Реакциjа

БУГАРСКИТЕ ДЕПУТАТИ СЕ СТАВААТ ВО ОДБРАНА НА КРИМИНАЛЦИ

(По македонскиот печат)


       НОВИНАРОТ во пензија Спасе Шуплиновски, кој беше физички нападнат за време на промоцијата на пробугарската организација “Радко”, ќе испрати писмо до претседателот на Бугарија за да ја објасни вистината за овој случај. Писмо со слична содржина Шуплиновски планира да испрати и до претседателот на бугарскиот парламент и до лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

       Тоа е во одговор на неодамнешната реакција на 38 бугарски пратеници, кои од македонскиот државен врв побараа заштита на правата на двајцата осудени членови на “Радко”.
       ”Со писмото од 38 бугарски пратеници се бара уривање на правниот си-стем во Македонија, бидејќи ако се бара поинаков трет-ман за Бугари, зошто не би важел тој принцип за сите други граѓани што живеат во државава? Со пласирање невистини, кои ги подгрева-ат страстите, и со заштита на криминалци, Бугарија не може да влезе во ЕУ”, смета Шуплиновски.
       Тој вели  дека во кон-кретниот случај, по анало-гија, се бара нееднаков трет-ман за граѓани за кои една-кво важат законите. Според таа логика на БНД, нагла-сува Шуплиновски, ниедна држава во Европа не смее да осуди бугарски граѓани за тепање, убиства, кражби, насилства од секаков вид. Тој потсетува на судскиот процес, во кој е утврдено дека Јован Стојановски и Александар Марковски се виновни за инцидентот, за што се направени и вешта-чења.
       Според Шуплиновски, не била земена предвид околноста дека двајцата осудени побарале и до-биле бугарско државјан-ство.

       ПИСМОТО на бугарските пратеници беше испратено на инициатива нa ВМРО БНД непосредно пред извршената од нив провокациjа край Роженскиот манастир, како дел од нивната кампаниjа против Р Македониjа и против Македонците во Бугариjа.



Истината за събора на Рожен
Календар:
Делчевият род
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Цела Македониjа револтирана
Протест до
главния прокурор
Нова формула за обединението
Обръщение към всички честни хора