Към начална страница...
 
Објектив
МАКЕДОНСКИОТ  ЈАЗОЛ

ХАНС-ЛОТАР ШТЕПАН

(Продолжува од минатиот број)


     Значи, во однос на овој клучен аспект, западните сили беа дозволиле да бидат заведени од Албанците
     Иако ги бојкотираа претседателските избори, етничките Албанци во Македонија земаа учество на парламентарните избори. На зачудувачки начин бројот на пратеници избрани од албанското население во Македонија не ја достигна ни официјалната статистичка бројка од пописот за учество во вкупното население од 22,% (а да не зборуваме за наводните 40%)! По првите слободни избори во Македонија во 1990 год. 23 од 120 пратеници во парламентот беа Албанци, т. е. 19,2%. Во 1994 год. Беа 19 пратеници,значи 15,8%, и во 1998 год. Беа 21 (+1) =22, тоа се 18,3% од вкупниот број пратеници. Далеку од бројката од 22,9%.
     Овие бројки се неспоредливи со (наводната) бројка од 40% учество на Албанците во вкупното население во Македонија – посебно заради тоа што треба да се појде од претпоставката, дека бездруго ниту еден единствен Албанец, во најдобриот случај некој многу маргинален, да не речеме инфинитезимален број од Албанците, би се осмелил да гласа за неалбанска партија. Сомнителната бројка од 40% Албанци во Република Македонија не е ништо друго, освен податок со измамничка политичка цел.
     Проф. Ошлис (Oschlies) покрај останатите иритации од обете страни, ја наведува и провокацијата на Албанците кои, по нивниот илегален интерен референдум на 11. и 12. јануари 1992 год. Во западна Македонија, “еднострано прогласија албанска “Република Илирида“. Според сознанијата на авторот, ниедна од инаку будните меѓународни организации и ангажираните западни посредници не ги повика етничките Албанци во Македонија да го тргнат овој камен на сопнување од патот кон меѓуетничкото разбирање.
     Срцето на проблемот лежи во тоа што никој не може да ги убеди, а уште помалку да им гарантира на Македонците, дека Албанците не би прогласиле своја сопствена република во рамките на Република Македонија, или дека би се откажале од своите сецесионистички планови, доколку македонскиот Устав уште  во 1991 год. содржеше помодерен текст.
     Познавачите на материјата го тврдат токму спротивното: доколку Албанците би се здобиле прво со статус на официално малцинство (или дури конститивен народ) во македонската држава, тие веднаш би го злоупотребиле овој статус и би го гледале како прв чекор кон поделба и конечно обединување со Косово (па и со Албанија). Зеван потсетува дека Албанците во Македонија (како подготовка за тоа) бараа формирање на “федерализација по белгиски пример“. Како едно “белгиско решение“ во Европа да не е доволно! Имајќи ги на ум трагичните последици на етничката поларизација од независноста на Белгија во 1830 год., вакво решение за пример може да понуди само некој што нема добри намери.
     Така и Албанците се вброија во редовите на фалангата на останатите три соседни држави со иста желба: да се уништи Македонија – бидејќи отцепувањето на западна Македонија е еднакво на уништување на македонската држава.
     Значи, пред да и се пресуди на сегашна Македонија, треба да се имат в предвид – покрај прашањето зошто никому во ЕУ и НАТО не му е грижа за малцинствата во, на пример, членката Грција (или во другите соседни земји), - следниве настани во текот на историјата:
     Шансата за ослободување на македонскиот народ од турскиот јарем во последната третина на ХlХ и почетокот на ХХ век беше уништена со воена интервенција од трите соседи: Бугарија, Грција и Србија. Македонците го избегнаа ова вклештување, речиси смртоносно по нивниот идентитет, само благодарение на нивното признавање како нација и (дозираната) независност во рамките на југославската федерација во 1944 година. По историската констелација од 1989/1990 год., во 1991 год. Конечно се здобија со полн државен суверенитет, иако само на дел од својата територија, со значајно задоцнување, имено:
    114 години подоцна од Грција
      66 години подоцна од Србија, Романија и Црна Гора
      36 години подоцна од Албанија и
      31 година подоцна од Албанија.
     Горе споменатиот пропуст во уставот не се препишува само на олеснувањето и радоста за целта, која иако со задоцнување, сепак среќно беше постигната, туку пред се на изклучително лошите изкуства со соседите во минатото и оттаму развиената недоверба во сегашноста. (Оправдана недоверба – ова ќе се потврди со понатамошното читање на делото.)
     Од односот на етничките  Албанци, Македонците мораа да заклучат дека тие, чекор по чекор, се обедуват да ја спроведат веќе добро познатата шема, и тоа: најпрво да добијат статус на конститутивен народ, потоа врз база на тоа да спроведат един вид автономија, и на крај да се оствари сецесијата, како и другата цел, обединувањето со Косово. На почеток...
     Фос сосема исправно тука забележува:
     Од историска преспектива ’денешните сценарија за поделба... со отцепување на регионите населени со Албанци... на македонското население му изгледат како присилено повторување ... на поделбата на Македонија по Балканските војни од 1912/13 год. Одобрена од Западна Европа’.
     Тој споменува и една хипотеза, чиј товар мораат го носат обата народа:
     Фатално за македонско-албанскиот конфликт е што обата народа се сметат себе си за “жртви на развојот во целиот ХХ век: Поради задоцнетиот, одбранбен национализам ... голем дел од етничките групи остануваат надвор од границите на новата држава.“
     И многупати споменуването, исто така несфатливо инсистирање на албанскиот етнос во Македонија, да им се дозволи да веат едно туго знаме, знамето на Албанија, како знаме на нивното малцинство (и тоа по можност без македонското државно знаме), не само за македонската титуларна нација, туку и за целиот свет, означува пат во еден сосема јасен, но истовремено непрефатлив правец: кон Голема Албанија!
     За време на една средба на европарламентарците со македонските и албанските пратеници во парламентот на Република Македонија, во домот на авторот, един дански делегат се обиде да му објасни на својот албански колега дека един вака апсурден предлог во неговата родна зенја Данска би бил веднаш отфрлен. Но кај неговијат албански соговорник наиде на потполна неможност за согледување на работите и меѓусебно разбирање.
     Овој систем има свои методи.
   
     2.
     Никој не може искрено да тврди дека, во последните 50 години во Македонија, Албанците во било кој момент биле жртви на страдања, за разлика од Србија – по и во самата Албанија. Тоа не ги спречи екстремистите во Македонија да стапат во акција.
     Од почетокот на 2001 год. Радикалите меѓу Албанците се напрегаа “со сета сила“, во вистинска смисла на зборот, да создадат втора држава за своите сонародници во рамките на Македонија. Непогодени од немањето никакво право оправдување, го презедоа првиот чекор, да ја изчистат Западна Македонија од словени: со подлости, терор и со пари, многу пари.
     Колку и да бил суштински недостатокот на македонскиот устав за албанското малцинство во Македонија, не бил непоправлив. Тој во никој случај не го оправдува дејствувањето на етноалбанците, вклучително и странските терористи, односно од Албанија и Косово, по што меѓународните сили мораа да интервираат во спасувањето на македонската држава, т. е. избегнување на експлoзија на бурето барут, опасно за целиот Балкан – а со тоа и за Европа – и со тоа да спречат граѓанска војна. Бруталниот начин на дејствување на УЧК ги премина сите граници, по што се роди сомнежот дека ова не е само опомена за несправедената реформа на уставот, туку дека послужи и како изговор за експресно да се забрза албанската експанзија во рамките на Македонија, на сметка на македонската титуларна нација.
     Политичката програма на Албанците не остава место за сомнеж за целта на нивните терористички акции. Проф. Трбст, на 19,06,2001 год. Во “Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (Frankfurteg Allgemeine Zeitung), цитираше една реченица на водачот на УЧК. Салиу:
    “Битола (во Македонија) е најјужниот, а Бар (Црна Гора) најсеверниот град на Големо Косово.“
     Во истото време Јкуп Красникќи, портпаролот на партијата на Мендух Тачи (“Змијата“). Во соопштението на Друштвото “Југоисточна Европа“ изјави:
    “Ние сакаме повеќе од независност. Нашата цел е обединувањето на сите Албанци на Балканот.“
     Па така, на пратеникот во германскиот Бундестаг и поранешниот државен секретар, Вили Вимер (Willy Wimmer), му остана само да резимира:
    “Албанците се стремат кон Голема Албанија.“
     Пропратната пропаганда верно ги демонстрира албанските методи: кога во февруари 2001 год. беа истрелани првите истрели од албанските терористи во Тетово, на 5 април 2001 год. Во емисијата МОНИТОР на германската телевизија, един командант на УЧК рече: “Ние возвративме на огнот“.
     (Тука недостасува само податокот за точното време, на кое постарите меѓу нас се уште точно се сеќаваат.)
     Един од елементите од албанскиот арсенал на трикови е и системското оцрнување на нивниот противник, Македонците. Во една прилика, кога Албанците во Македонија излегоа на демонстрации (а зашто да не прават тоа), на 7 април 2001 год. Во Франкфуртер Алгемане Цајтунг се појави образложението на един Албанец:
     “Ова се демонстрации против македонскиот државен тероризам.“
     Очигледно дека меѓународното обвинување за тероризам на адреса на Албанците од УЧК внесе кај нив толкав немир (бидејќи им штетеше на угледот), што веднаш се искористи како средство за едно целосно измислено контраобвинување, за да меѓународниот фокус се сврати од гредата во своето око кон трнот во македонското око. Прастар метод.
     За да на Македонците и светот им дадат представа за големината на нивните политички и територијлни аспирации, некои радикални Албанци, со досега невидена агресивност, ги нарекоа Македонците  "окупатори“.
     Окупатори? Словенските Македонци се окупатори во собственада земја, во која живеат веќе 1400 години! Зарем никој нема храброст да ги спре Албанците и да им каже дека тие, како натрапници во Македонија, се вистенските окупатори!?
     Очигледно е дека и тие, следвајќи го примерот на Грција и Бугарија, инсинураат дека во случајот “Македонија“ се работи за простаро албанско тло.
За нивна несреќа, Грците ова тло веќе го нарекоа грчко, а Бугарите бугарско. (А Србите предходно го сметаа за србско).
     Истото лето 2001 год. На германската телевизија излезе уредникот на албанскиот весник во Швајцарија, со следнава навреда:
   "Mакедонците се варвари, тие се безумен народ.“
     Идеален начин на одгледување на децата во духот на интеграцијата.


Истината за събора на Рожен
Календар:
Делчевият род
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Цела Македониjа револтирана
Протест до
главния прокурор
Нова формула за обединението
Обръщение към всички честни хора
Редакцијата на в. “Народна волја“ уште со излегувањето на книгата “Македонскиот јазол“ на пораншниот германски амбасадор во Р. Македонија Ханс-Лотар Штепан, вложи многу напор за да може да ја представи на вниманието на своите читатели. Благодарение на љубезността на издавачката куќа Аз-буки, која е издавач на книгата, сега сме во можност да објавиме поголеми делови од неја.


АЗ-БУКИ Д.О.О. СКОПЈЕ
ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ТРГОВСКА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
Жиро сметка: 370011100017906
Ул. 8-ма Ударна бригада бр. 20б Депонент на: ЕУРОСТАНДАРД БАНКА – Скопје    тел: 02/3230-688
Даночен број: 4030000380254,
Е-mail: az-buki@on.net.mk
Az-buka@unet.com.mk

(Продолжува)