2. Како ние новинарите можеме да помогнеме за афирмација на Македонија и успехот на македонската идеја?
- Мислам дека секој новинар, но и секој вистински Македонец треба да се бори за својата држава и народ. Новинарите во Ма-кедонија, како движе-чка сила при креира-њето на јавното мис-лење, за жал, доста малку се занимаваат со оваа тематика. Ту-ѓата пропаганда е многу силна, особе-но на Интернет и ми-слам дека токму на овој медиум треба да ги насочиме сите наши активности за промовирање на вис-тината за Македони-ја. Но, борбата трае и ние не треба да под-легнуваме на пропа-гандите, туку со фак-ти и докази да му покажеме на светот дека сме мирољубив народ и дека си го бараме само она што ни припаѓа, а тоа е Ма-кедонија.
3.Каков е вашиот став во однос на дејноста на Хашкиот трибунал, по специјално по прашањето за судењето на Љ.Бошковски и Ј.Тарчуловски?
- Сакам да кажам дека не станува збор за судење на Брат Љубе и Јахан, луѓе кои ги познавам лично и кои повеќе од си на светот ја сакаат својата земја, во Хаг и судат на Македонија. Уште една голема неправда кон македонскиот народ. Зошто велам дека и се суди на Македонија? Па, замислете дека сте англичанец и гледате СИ-ЕН-ЕН. На вестите даваат дека Македонците Љубе и Јохан се на судот во Хаг и... Што ќе си помислите? Нормално, тоа што секој што не доволно ги познава состојбите ќе си го помисли, а тоа е дека Македонците се виновни за војната што се случуваше во Македонија во 2001 година. Но, сметам дека нашите браќа ќе бидат ослободени од несериозните обвинувања. Сите, искрено се надеваме на тоа. Македонија, раѓала, раѓа и ќе раѓа синови како овие неправедно обвинети патриоти.
4. Што мислите за политиката на Р.Македонија во однос на примањето на странски студенти од македонско потекло, како стипендисти на владата?
- Со оглед на тоа дека Македонците во странство немаат можност во високообразовните институции да се школуваат на мајчин јазик, апсолутно го поддржуваам ова, но сметам дека Р.Македонија треба да вложи уште повеќе во сите оние кои студираат тука. Морам да го искажам моето задоволство од студентите-стипендисти од Мала Преспа, кои поседуваат висок степен на национално чувство и одлично познавање на македонската историја и култура. Од друга страна пак, не можам а да не им забележам на некои макар и ретки студенти од Пиринска Македонија кои многу малку знаат за себа и за Македонија. Некои од нив дури и велат: „Мајками и татко ми се Македонци, но јас сум Бугарин“. Затоа сметам дека, освен државата, самите родители треба да им влиаат на своите деца во зачувување на македонското во нив, бидејќи ни децата не се виновни што по училиштата надвор од Македонија се учи некоја измислена и искривена историја за Македонија и македонскиот народ.
5. Дали очекувате фер и демократски парламентарни избори, уште повеќе дека тоа е и услов Р.М. поскоро да се приклучи на европското семејство?
- Да се надеваме дека оваа власт во РМ ќе направи чекор напред и дека преку организирањето на фер избори, ќе и помогне на Македонија за побрз влез во ЕУ.
6. Како млад човек со извесна општествена дејност, што ќе им кажете на Македонските патриоти под Пиринот, а исто и на оние кои себе си се сметаат за Бугари?
- Патриот не се станува, патриотот се раѓа. Некои се повеќе патриоти, а некои помалку, но едно нешто на сите нас, кај и да сме, ни е во срцето, а тоа е Македонија. Браќа, патриоти од Пиринот, не сте сами! Со вас сме и ние од Вардорот, оние од Белото море, со вас е Мала Преспа, со вас се сите Македонци на планетава. Бидете храбри како Александар, мудри како Кирил и Методиј, визионери како Гоце, бидејќи само така ќе ги победиме сите наши душмани. Борете се за вашите права, тие права нам ни се свети и никој не може да ни ги оспорува. Обединете се и заеднички продолжете ја борбата на вашите предци, бидејќи многу крв паднала за оваа македонска земја. Ние, кај Вардарот, единствени ја имаме привилегијата да живееме на слободна македонска територија, но не губете надеж, заеднички ќе се бориме си додека постои светот и векот! Најпрвин, со наша помош, изборете се за вашите човекови права таму каде што сте, а потоа заеднички да си помагаме во остварувањето на сонот на Македонците. На оние браќа кои се сметаа за Бугари им препорачувам да не ги потресуваат коските на нивните предци, што загинале за Македонија, туку нека си ја осознаат историјата и сегашноста, а со тоа ќе се осознаат и себеси.
7. Каде се крие, според Вас, решението на македонското прашање?
- Лично сметам дека најостварливо и најреално е културното и национално обединување на сите Македонци во рамките на Европската Унија. Со самата интеграција на Балканот во ЕУ, границите ќе го изгубат сегашното значење, а Македонците, каде и да се, ќе можат, како сите цивилизирани европски народи, да ги остваруваат своите национални права.
8. Како ја гледате иднината на Р.Македонија и на деловите кои се, за жал, под туѓо управување?
- Посакувам Македонија во иднина да биде индустриски развиена држава, економски силна и членка на Европската Унија и НАТО алијансата. Само таква силна Република Македонија може да им помага на Македонците надвор од сегашните граници. Затоа и сметам дека иднината на сите делови од етничка Македонија е : Обединета Македонија во рамките на Европската Унија.
9. Што ќе им посакате на читателите на „Народна војла“?
- На читателите на „Народна волја“ како и на сите Македонци надвор од државната граница на Република Македонија им посакувам да бидат храбри, истрајни и цврсти во борбата за македонскиот идеал и нивните права. Посакувам Македонците од Пиринска Македонија, еднаш засекогаш, да се обединат во една силна организација, да ги заборават сите меѓусебни недоразбирања и несогласувања, бидејќи поделени во неколку задруженија и партии, само им помагаме на душманите на македонскиот народ. Тие ни сакаат поделени и распарчени, но се надевам дека иднината ќе донесе многу за секој Македонец и дека борбата и идеите на нашите предци за македонско национално единство ќе станат реалност.