ОМО “Илинден“ ПИРИН развива активна дејност за својата (пре)регистрација. Во отговор бугарските врховисти, поддржани од своите колеги националисти во државни органи, институции и во многу медиуми, започнаа одвратен напад против Македонците во Бугарија. Амбасадорот на Република Македонија во Бугарија остро реагираше против скверњавенето на гробот на Јане Сандански. Министерството за надворешни работи на Република Македонија му даде протесна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје во врска со вандалските дејствија на ултранационалистите на меѓудржавниот македонски собор на Рожен.
ПАРОЛИ ШТО ГИ РАСИПУВААТ ДОБРОСОСЕТСКИТЕ ОДНОСИ
ПО КОJ ЛИ ПАТ ШОВИНИСТИТЕ JА ПОСТАВУВААТ БУГАРИJА ПРЕД МНОГУ ПРАШАЛНИЦИ
НЕПРЕКИНАТАТА великобугарска пропаганда зема замав за да го достигне својот апсурден врв. Овие констатации се резултат на натрупани докази, на многу дејствија, кои ја определуваат бугарската политика. А таа, за голема жал, беше и си уште е потхранувана од неодговорни политичари и државници, од псевдо-историчари, кои со своите изјави ги поттикнуваат и инспирираат оние Бугари што му се предаваат на искушението за голема санстефанска Бугарија.
Имено, таа неразумна политика е и основна при-чина да се допушти многу опасното решение на гра-доначалникот на градот Сандански да дозволи на ултранационалистите од ВМРО (а ВМРО значи: Вн-атрешна македонска рево-луционерна организа-ција!; каде е Б, така што таа не е бугарска, но тоа е веќе друга тема) да слават Цветници (та, тие христијани ли се?) или 65 години од некакво си „ослободување на Маке-донија од српско роп-ство“. Немаше ли каде да слават? Немаше ли каде да ги чествуваат своите занеси за некакво „ослобо-дување од српско роп-ство“? Толку ли немаше место во Бугарија за овие бaбаити коишто постојано сами си се нарекуваат „вој-води“? Кога порано овие „храбри“ бугарски „војво-ди“ имаат правено слични прослави? И тоа овде, на гробот на Јане? И тоа по повод годишнината од неговото убиство? И тоа како наследници на убиј-ците на Јане? И овие нас-ледници на убијци да поставуваат на неговиот гроб голем натпис „Маке-донија е бугарска“, со извикување на пароли и прокламирање на идеи против кои Јане се има борено со пушка в рака? Каква бесрамност и без-обзирност, какво безумие се овие јавни претензии кон соседна држава!? И зошто, кога градоначал-никот на Сандански и има дозволено најпрво на ОМО „Илинден“ ПИРИН да ја одбележи 91-годишнината од убиството на Царот на Пиринот, на истото место и ден им дозволува и на карака-чановци да прават некак-ви си прослави, кои не-маат никакви, ама апсо-лутно никаква врска со годишнината од убиството на Сандански? Уште по-веќе, кога се знае, дека тоа се спротивставени, непри-јателски, различни, толку различни во својата чо-вечка суштина партии кои една друга не се поднесу-ваат? Еве, зошто се по-јавува прашањето, не е ли тоа подготвено сценарио? И на кому му служи? Се разбира, најмалку на бугарскиот народ! Благо-дарение на разумното однесување на Македон-ците, коишто се воздржаа, не се допушти да настане конфликт, кој ќе беше пре-доволно одвратен и сра-мен, но за кого!?
„Македонија е бугар-ска“ - каква безрасудност, каков предизвик! Зарем Бугарија се надева, дека обременета со своите бол-ни амбиции за хегемонија, за заграбување на туѓи територии и население ќе може да го заземе своето место во Европското се-мејство? Овие јавни не-пријателски и недоброна-мерни пароли исклучу-ваат секаков соживот меѓу соседи. Македонија е жи-ва, господо бугарски ме-галомани. Македонскиот народ многу добро ги познава алчните мераци на своите соседи. Како бесните им лиги гнасно и гадно капат, додека тие се занесени од злоба спрема Македонија. Ги знае нивните волчји апетити. Но, тој е уверен, дека ва-шиот див нарав ќе биде кастриран и укинат од времето, од иднината што не очекува.
При овие налудничави пароли Македонија нема да молчи. Имено, овој бугарски безумен изблик на националшовинистич-ка хистерија прогласен на гробот на Јане, беше по-водот Република Македо-нија да испрати енергична протесна нота до Репу-блика Бугарија. Нужно ли беше сето тоа, и тоа во историскиот момент, кога Бугарија официјално нас-тојува да стане членка на Европскиот сојуз?
ОСТАНУВА тревожниот заклучок дека бугарските државници и политичари треба да преземат брзи и неодложни мерки, да спречат и да не дозволуваат во иднина пројави што ги нарушуваат добрососедските односи со Република Македонија. Да го признаат постоењето на Македонците во својата земја. Отсуството на овие решенија ја поставува Бугарија пред многу прашалници.