Към начална страница...
 
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
АКО БУГАРИJА САКА ДО БИДЕ ЕВРОПСКА, ДА ГИ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНЦИТЕ

Бранко Горгевски (в. "Дневник")
Интервју со проф. Иван Калчев, Председател на друштво за Бугарско-македонско приjателство
       Калчев 35 години воспитува и образува генерации студенти на Филозофскиот факултет во Софија. Предава четири предмети - филозофска антропологија, француска филозофија, танатологија (филозофија на смртта) и социјална филозофија. Пред неколку дена ја доби и титулата почесен доктор на науки на Филозофскиот факултет во Скопје заради неговите заслуги во афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Веќе десет години е и претседател на Друштвото за бугарско-македонско пријателство. Автор е и на книгата „Толерантност, дијалог, слобода“, збирка на негови текстови, меѓу кои е и еден посветен на Македонија.
       Иван Калчев, професор на Филозофскиот факултет на софискиот универзитет, вели дека нема ништо чудно во тоа што иако е Бугарин по националност, отворено и силно се бори против негацијата на македонското национално малцинство во својата земја. За него е чудно токму спротивното: како и покрај тоа што постојат илјадници луѓе што во Бугарија се декларираат како Македонци, во државата се’ уште нема сила што ќе го признае тој факт.
       
       - До ден-денес, по сите промени што се случиле во бугарското општество, не ми е јасно како се’ уште може да се негира постоењето на еднонационални, религиозни и јазични малцинства. Се продолжува со тврдењето дека штом живееш во Бугарија се подразбира дека си Бугарин. Неприфатливо е да се тврди дека Бугарија е еднонационална држава, кога во неа живеат неколку стотици илјади Роми, десетици илјади Ерменци, Македонци, Евреи, Власи... Ако Бугарија, навистина сака да биде европска држава, треба да им ги гарантира правата на сите свои  граѓани - смета тој.
       - Друштвото за бугарско-македонско пријателство постои десетина години. Можете ли да се пофалите со конкретни резултати?
       - Во Друштвото членуваат само бугарски граѓани и тоа оние што се определуваат како Бугари и како Македонци. Јас сум Бугарин, немам ништо со Македонија, а мојот заменик-претседател се определува како Македонец. Добри пријатели сме и се разбираме одлично. Проценуваме дека ова друштво е еден мини-модел за односи што треба да постојат меѓу бугарскиот и македон-скиот народ. Работиме во тешки услови, затоа што официјална пози-ција во Бугарија, но и меѓу многу бугарски интелектуалци, е дека немаат позитивен од-нос кон македонската држава, народ, маке-донскиот етнос, маке-донскиот јазик, истори-јата, културата. Мене дури ме нарекуваа национален предавник бидејќи признаваме македонски народ, јазик, култура.
"Ме нарекуваат предавник
       Ние не се плашиме од тоа, имаме добри односи и соработка со македонската амбасада и сега со амбасадорот Абдурахман Алити. До пред неколку години тешко можевме да преземеме некои активности. Во првите години на нашето постоење имавме и тешки атаци од ВМРО, која е антимакедонска партија. Откако се отвори Македонскиот културен центар во Софија секоја недела има по некоја активност, настапи на уметници, писатели, промоции.. Сакаме да ги убедиме луѓето и да демонстрираме дека помеѓу македонскиот и бугарскиот народ треба да постојат пријателски односи.
       - Како гледате на положбата на етничките заедници во бугарското општество, на нивните слободи и права што ги имаат?
       - Генерално гледано, има голем прогрес, имаме прогрес во однос на исполнување на европски стандарди. Но, има едно прашање кое, според мене, е парадоксално. Има едно малцинство во Бугарија кое никој не сака да го признае. Тоа е македонското малцинство. Имаме многу организации, невладини и слични, кои се бават со заштита на правата на малцинствата или издаваат книги посветени на турското, ромско, еврејско, ерменско, но никогаш не се бават со македонското. Во Бугарија, за жал, има само две невладини организации кои отворено не се плашат да кажат дека во Бугарија има и македонско малцинство. Тоа се Хелсиншки комитет, кој секоја година прави извештаи за правата и директно посочува дека секоја година не се почитуваат правата на македонското национално малцинство, и нашето друштво.
       Не е добро само две организации да имаат таков став. Сите други, на пример, Институт за меѓурелигозна и меѓуетничка толеранција никогаш не се занимавал, ниту спомнал македонско национално малцинство. Ние прашуваме зошто. Амбасадорот Алити, мислам, беше првиот македонски амбасадор кој многу во истапите во бугарските медиуми категорично кажа дека е крајно време да се разбере дека како што постојат други етнички малцинства, така постои и македонското во Бугарија.
       - На што можат да се надеваат Македонците во поглед на односот кон нив?
       - Отворено зборувајќи, нивната положба е тешка, а што произлегува од тоа што не се признаваат. Некогаш има и лицемерие од страна на официјалните државни власти во смисла, се зборува за добрите и одлични односи со Македонија, а ваму не се признава малцин-ството иако постои македонско малцин-ство и организации какви што се ОМО „Илинден“ и други.
       Според мене, нужно е во Бугарија да се признае и маке-донското малцин-ство. Бугарскиот ус-тав е многу специфи-чен. Таму нема тер-мин национално мал-цинство туку се збо-рува за етнички групи, а не малцинства. Мис-лам дека во тој поглед македонскиот устав е многу понапред во однос на бугарскиот, дури дека македонскиот Устав е еден од понапредните и во цела Европа. Нашиот Устав наведува дека сме еднонационална држава. Така се создава впечаток дека терминот национално малцинство е забранет и дека оној што го употребува е против Бугарија, а всушност не е така. Во таа смисла има проблеми и лицемерие од нашите власти во Бугарија.
Прво сум човек, а потоа Бугарин

       - Што е причината што нема такви историчари, немаат храброст или така се воспитани...?
       - Така се воспитани, тоа е опасноста од погрешно разбраниот патриотизам. ВМРО-БНД, на пример, е организација што постојано кажува дека Бугарија е држава што граничи сама со себе и дека сета земја била бугарска. Еднаш му кажав на нивниот водач Красимир Каракачанов: „Ако веќе кажуваш така за Голема Бугарија и ако сакаш да се вратат нештата како што биле во минатото, истото треба да й го вратиме на една Италија, бидејќи таа земја, по таа логика, може да претендира на наследството и границите на Римската Империја. Се знае дека во тоа римско време постоела зона што се нарекувала провинција Македонија, а немало провинција Бугарија. Меѓутоа, тоа се заобиколува во полза на воспитание.
       - Но и тие историчари се среќаваат со луѓе што кажуваат дека се Македонци, како не прифаќаат дека тие постојат?

       - Да, се среќаваат, но нејќат да ги признаат. То е инает. Еднаш имав еден дуел со еден бугарски интелектуалец Христо Борзавелов, историчар и фолклорист. Тој зборува речиси чист македонски јазик, односно јазик што е многу поблизок до македонскиот отколку до литературниот бугарски јазик. Тоа не го спречува да настапува по телевизии и остро да ги критикува барањата на граѓаните од Пиринска Македонија да зборуваат на свој јазик. Изјавува дека нема таков македонски јазик, а самиот тој не зборува на бугарски јазик. Кога го сретнав, го запрашав: „Како можеш така да зборуваш, прво научи да зборуваш на бугарски јазик, за да можеш да критикуваш други, ти повеќе зборуваш македонски отколку бугарски“. Доживеав да ми се налути, ми рече: „Кој сум јас да зборувам така“. Бевме добри колеги и пријатели, а сега не сме, сега ми е лут.
       - А како Вие дојдовте до сознание дека постојат Македонци, како го прифативте тоа? И вие сте го поминале тој систем, како и вие не го прифативте тоа што го прифатија другите бугарски историчари?
       Освен ова, во првите години на демократијата, во 1991-1992 година бев во Охрид. По тоа патување во мојот тогашен приватен весник „Демократија“ напишав еден есеј со впечатоците за Охрид. Изгледа дека со тој текст сум покренал нешта кај луѓето што се определиле како Македонци. Во редакцијата кај мене дојде еден човек, кој рече дека сака да зборува со мене, а се претстави дека е Македонец. Тогаш и се роди идејата да се создаде Друштвото за пријателство.
       - Знаете, по вероисповед јас не сум православен, туку сум римокатолик. Дел сум од католичкото малцинство во Бугарија. Во тоталитарното време заради тоа сум трпел последици и сум сфатил што значи дека си малцинство и како мнозинство гледа на тебе.
       Досега се поддржуваше една смешна теза дека Бугари се само граѓаните што се православни. Пред повеќе години, случајно зборував со еден мој колега, физичар, кој тогаш разбрал дека јас не сум припадник на православно христијанство. Тој ми рече: „Па ти не си Бугарин, ти си католик“. Јас го прашав зошто мисли така. Тој почна да ми ја цитира историската литература дека Бугарин може да биде само оној што е православен. А јас го прашав: „Тогаш, според тебе, каков сум јас?“. Само замолчa и ми кажа: „Ти си Европеец“.
       Смешно, нели.
"Апсурди со историјата"
       - Меѓу двете држави се води политика на пријателство, а отворените прашања не се допираат. Сега се појавуваат и идеите за заедничко чествување на празниците, конкретно на Илинден. Како гледате на тоа?

       - Мислам дека заедничкото чествување е посовремено и се залагам за тоа. На пример, сега се славеше празникот посветен на светите Кирил и Методиј. Во Бугарија се потенцира дека тие прво се бугарски, а потоа словенски просветители. Кај вас се нагласува дека се македонски Словени. Географски гледано, тие се повеќе во Македонија отколку што се во Бугарија. Зошто тогаш треба да бидеме така поделени? Мислам дека можеме заеднички да ги чествуваме во духот на толеранцијата и разби-рање.
       Мислам дека ќе дојде време кога ќе паѓаат границите, да видиме де-ка сите сме дел од заед-ничката светска култура. Треба да се проникнеме со еден современ космо-политизам и култура. Националниот идентитет треба да се чува, но мојот национален идентитет не треба да е против друг, треба да ги разбираме и прифаќаме како такви и да сфатиме дека треба да имаме единство на разновидност. Тоа е најважно, а не да имаме конфликти затоа што не сакаме да признаеме дека постојат други луѓе, кои се различни од нас.
       Јас сум и франкофон и често го цитирам Монтескје, кој велел дека „прво се родил како човек, а тоа што е Французин е случајност“. Нашиот Каракачанов вели: „Прво си Бугарин, а после се’ друго“. А не е така. Националноста е случајност, а човек е почеток. Треба да се научиме да ги разбираме и да ги почитуваме другите што се малцинство и се различни од нас. Некој рекол дека демократијата била власт на мнозинството. Врз кого? Врз малцинството? Според мене, демократијата треба да се проценува според тоа колку е слободно малцинството во една земја.
"Свртени кон минатото"
       - Неодамнешниот случај во Роженскиот манастир покажа дека во Бугарија се’ уште постојат силни ради-кални сили, кои по се-која цена негираат се’ што е со предзнак маке-донско. Колку реално тие се силни во бугар-ското општество?
       - За жал, не би рекол дека се многу слаби. Кога нештата во социјална област одат на полошо, ситуацијата во Бугарија во социјална сфера не е добра, се појавуваат ваквите сили за да се дефокусираат проблемите. Јас сакам да имаме европски визии. Во Бугарија имаме една лоша пракса, а таа е да сакаме многу да зборуваме и да се враќаме во минатото, да кажуваме колку била голема Бугарија, кој се’ бил во нејзиниот состав и сл. Како да не сакаме да гледаме напред. Затоа е и многу чудно тоа што во Бугарија нема да сретнете ниту еден историчар, а камоли академик што би ги признавал македонскиот јазик и култура.
Календар:
64 г. по пътя на безсмъртието
Провален опитът
за обединение
От времето преди да...
ОМО "Илинден" - ПИРИН възкръсна
Интервју со проф. Иван Калчев
Интервју со Киро Глигоров