Към начална страница...
 
ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г-Н КИРО ГЛИГОРОВ ПРЕД В. „НАРОДНА ВОЛЈА“

ХРАБРА БОРБА ЗА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИJА
НА БАЛКАНОТ ТРЕБА ДА ИМА РАЗБИРАЊЕ И ДА СЕ ДАДЕ ПРАВО НА СЕКОЈ ДА КАЖЕ КАКОВ Е



       Весник “Народна волjа” во минатиот броj ги информираше своите читатели, дека главният уредник на весникот бил на посета во Република Македониjа, каде има остварено низа приятелски и деловни средби. Една от нив била со првиот претседател на Република Македониjа Киро Глигоров. На неа било договорено македонскиот државник да даде интервjу за читателите на весникот. Оваа намера беше остварена и сега им го предлагаме на вниманието на нашите читатели разговорот мегу г-н Глигоров и г-н Ян Пирински. НВ.

       - Г-не Глигоров, дозволете ми на почетокот на нашиот разговор да го искажам своето задоволство, дека Ве наоѓам во отлично здравје и со бодар дух. Би сакал со неколко зборови да се вратите кон 2 август 1944 година, кога во Манастирот “Св. Прохор Пчински“ се одржа Првото заседание на АСНОМ, на кое Вие бевте секретар на иницијативниот одбор за негово свикување.
       
       - Некаде во 1943 година значителен дел од нашата територија беше ослободена, а Главниот штаб на тогашната Народноослободителна војска на Македонија и натаму се обидуваше да ја шири слободната територија борејќи се против фашистичките сили, главно од Бугарија и од Италија, кои ја вршеа улогата на управување на територијата на Македонија. Морам да споменам дека во ослободува-њето на на-шата земја не учеству-ваше нито еден англис-ки, руски или амери-кански вој-ник. Се раз-бира дека без голе-мите победи на антифашистичката ко-алиција, на чија страна бевме и ние, на рускиот фронт и во Западна Европа, и ние не би можеле да ја постигнеме целта – да се ослободи Македонија од фашистичкото ропство. Но, сепак важно е дека тоа го направија синовите на нашата земја. Главниот штаб на нашата НОВ, како и другите органи кои во меѓувреме беа формирани, како што беа општинските совети и нивните претставници излегоа на слободна територија и беше дадена задача да се изберат тајно најдобрите луѓе во секоја општина и тие да бидат делегате за Првото заседание на АСНОМ. Тоа беше спроведено, се избраа добри луѓе, патриоти, кои во исто време сакаа таа наша нова држава да има социјални обележија. Карактеристично е дека се бираа делегате не само од овој дел на Македонија, туку и од Егејска и Пиринска Македонија од каде дојдоа многу познати имиња во нашата борба за ослободување, како што се Димитар Влахов, гемиџијата Павел Шатев и др.
       Во август 1944 година, да напоменам уште траеше војната, се состана Првото собрание од избраниете делегате во Манастирот “Св. Прохор Пчински“. Се избра врховен цивилен орган кој  ќе управува со државата, покрај АСНОМ, тој се нарече Президиум и во него беа застапени сите три дела на Македонија. Си спомнам дека уште на Второто заседание на АСНОМ се говореше дека ние сме земја во која се родиле словенските просветители Кирил и Методиј кои и ја подарија на сите Словени првата азбука, а ние немаме уште своја азбука и свој литературен јазик. И затоа, меѓу првите чекори кои се презедоа во етаблирањето на државата беше и формирањето на Комисија во која се ангажираа истакнати лингвисти, на чело со нашиот познат поет, прозаист и литературен историчар Блаже Конески.
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       Така се создаде нашата прва азбука и литературниот јазик кој денеска, повеќе од шеесет години, нашите деца го учат во сите училишта во Македонија, а истиот се проучува и на бројни универзитети во светот каде што постојат катедри за изучување на македонскиот јазик, како един од словенските јазици. Тогаш се основа и првиот весник, “Нова Македонија“, со желба да се нагласи дека ние знаеме дека ова е континуитет на нашата историја, но и дека во минатото постоеле разни периоди во борбата на македонскиот народ за самостојна држава, при што разни организации кои се претставувале како македонски правеле обиди за  присвојување на дел од територијата на Македонија (од страна на Грција, од страна на Бугарија, на Србија). За среќа, во тоа не се успеа. Македонскиот народ ја извојува победата и ја создаде својата држава, меѓу последните на Балканот, и, се разбира, се што стана доби епитет македонски.
Киро Глигоров (во десно) и Jан Пирински
       - Вие сте првиот Претседател на независна Македонија. Што би ни кажале за нејзиното раѓање по нејзиното одвојување од Југославија?
       
       - Како што споменав нејзиното раѓање е дело, за прв пат можеби во нашата историја, на нејзиниот народ и ослободителна војска. После Самоила и обидот во средниот век да се формира македонска војска и после низата востанија да се ослободи македонскиот народ и да создаде своја држава тоа се случи со помош на 120 илјадна македонска војска за време на Втората светска војна.
       По војната, се определивме да бидеме дел од  југословенската федерација, при што, во периодот од 45 години заеднички живот во поранешната СФРЈ, успеавме да бидеме препознаени како друг народ, не како Јужносрбијанци или Бугари, не како Грци, туку како стар автохтон македонски народ со сопствена историја. На тој начин, се возобнови духовното битие на нашиот народ, се возобнови Охридската архиепископија како Македонска православна црква. Се создадоа нови блага како производ и израз на духот на македонскиот народ. Се формираа национални и државни институции, парламент, влада, универзитет, академија на науките и уметностите.
       Со распаѓањето на поранешна СФРЈ, Република Македонија, како рамноправна членка во таа федерација, се определи за сопствено државно осамостојување. Тоа се направи по мирен и демократски пат, без војни, без непотребни жртви, разурнувања и страдања, со референдум за независност, на кој над 90% од граѓаните на нашата земја се определија за независна и самостојна држава. За нас, како млада држава, значајно беше што не подлегнавме на никакви аспирации од соседите и ја прогласивме државата во рамките на постојните – меѓународно признати граници. На тој начин покажавме дека правото на самоопределување и државност може да се оствари без војна. Потова, се донесе и Уставот на земјата, изготвен по примерот на европската граѓанска традиција.
       Не беше тежко во тоа време, во зачетокот на нашата самостојност, и македонскиот народ да излезе со парола “обединета Македонија“. Но, во тој случај, сите наши соседи ќе се свртеа против нас и ќе ја загубевме и оваа држава што ја создадовме како самостојна Република Македонија. Тогаш надвладеа сознанието дека овој народ не сака војна. Македонскиот  народ ја плати цената на сопствената државност во Втората светска војна. Беше неразумно таа цена повторно да се плаќа. Се покажа, исто така, дека и меѓународната заедница има интерес за постоење на меѓународна призната Република Македонија со што ќе се стави дефинитивен крај на историски познатите територијални аспирации кои беа причина за Балканските и за Првата Светска војна.
Редовен читател на "Народна волjа" 
       - Како го примија соседите на Македонија нејзиниот суверенитет?
       
       - По раздружувањето од поранешната јгословенска федерација, кога требаше да се признае фактот дека Република Македонија е независна држава, се издиференцираа ставовите на соседните земји, оптоварени од историските предрасуди и желба за доминација.
Убеден сум дека и денес голем дел од српското население верува дека ние сме јужносрбијанци, относно дека сме дел од српскиот народ. Сепак, по нашето осамостојување, Србија не можеше да каже дека ние не се викаме Македонци, бидејќи во сите устави на поранешната Југославија ние бевме Република Македонија и бевме македонски народ.
       Бугарите велеа “историјата знае дека вие сте дел од бугарскиот народ, а тоа што викате дека говорите друг јазик тоа е показ колку успеала српската пропаганда да ве оддвои од вашето стебло и да ви наметне дека сте нешто друго, а не Бугари, а тоа е обид да ве претворат во она во што тврдат дека вие сте Срби“. Бугарите никој не може да ги убеди дека ние не сме Бугари. Со децении се учело во школи, се пишувале книги, се правеле научни трудови за проучување на нашето прашање – се со една цел да се покаже дека ние сме Бугари.
       Грците сметаат дека цела Македонија и Скопје е нивна територија. Од тие причини, по нашето осамостојување тие го оспорија името на нашата земја образлагајќи дека една работа е како ние сме се викале во поранешна Југославија. Тоа била интерна работа на СФРЈ и дека Грција тука не смеела да се меша. Но сега, како независна држава, тие не можат да се согласат со тоа дека постои држава која се нарекува Македонија – име на кое тие полагаат право. Од таму потекнаа националистичките митинзи и се оспори независноста на нашата држава и на некој начин се стави вето за нашето меѓународно етаблирање.

       - Националшовинизмот во некои балкански земји добива нови димензии. Што мислите Вие за претензиите спрема македонскиот етнос, спрема името на Ребублика Македонија, спрема македонскиот јазик и историја? Каков е Вашиот относ кон антимакедонската пропаганда?
       
       - Антимакедонската пропаганда не е нешто ново. Таа постои од времето на Самоила, во византиско време, кога се воделе борби за ослободување на балканските народи од турското ропство. После формирањето на грчката, србската и бугарската држава, во нивната борба кој ќе биде доминантен фактор на Балканот сите три држави покажаа голем интерес за владеење врз македонската територија, при што, се негираше македонскиот јазик, самобитност, историја, се правеа обиди за доминација на грчката, бугарската, српската црква.
       Тоа, за жал, и по завршување на Втората светска војна и по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година не се измени. Пропагандата во нашите соседни земји и денес постои.

       - Во последните денови се појави веројатност примањето на Бугарија во Европскиот сојуз да биде одложено. Ние, Македонците во Бугарија, очекуваме со приемот на Бугарија во Сојузот да бидат решени нашите малцински проблеми. Вашето мислење по тоа прашање?
       
       - Расположението меѓу членките на Унијата е дека не треба да се брза со проширувањето на Унијата. И покрај одлуката за прием на Бугарија и Романија (почеток на 2007 г.) тоа е одложено. Се повеќе се говори дека прво треба да се решат отворените проблеми кои се јавиа во Унијата со последниот прием од 10-те членки, да се определи нејзината иднина, а потоа да се пристапи кон прием на нови членки.
       - Во самата Европска унија настанува една нова ситуација. Јакнат десните сили кои се залагаат за забавување на процесот на европеизација на овој дел од Европа и се поригорозни околу реформите во самата Европска унија – прифаќањето на новиот устав и сл. На пример, Французите гласаа против новиот устав на ЕУ затоа што во Франција се знае уште од Наполеон дека тие како држава не смеат да се откажат од дел од својот суверенитет, а во новиот устав е предвидено мнозински да се гласа по сите суштински прашања за земјите членки, што подразбира дека на тој начин се ускратува правото на французот да решава за својата иднина и сл.
"До  нови  средби"
       Од друга страна, според некои аналитичари, процесот на проширување се одложува за да може ЕУ да стане најмоќна сила во светот. ЕУ и сега економски е суперсила, но се уште нема заедничко оружје и воена сила.
       Лично сметам дека ЕУ не треба да го забавува процесот на проширување туку треба енергично да продолжи со т.н. сеевропско обединување, бидејќи во спротивно ќе почнат да се множат кризи.
       Во однос на малцинствата, Европската унија нема сосема определен став. Постои Конвенција со која се признаваат човечките права и малцинствата се третираат како еднакво правни. Инаку, во поедините земји на Европската унија, прашањата на малцинствата различно се следи. Кај Французите се уште владее теоријата дека секој кој живее во Франција е Француз. Тоа е т.н. државна нација.
       Но, тоа за Балканот е неприменливо. Тука се уште не е завршен процесот на национално оформување на државите. Затова, според мене, на Балканот треба да се има разбирање и на тоа да се гледа од една хумана гледна точка – како право на секој народ да каже што е и како таков да се придружи на Европа. Не може еден народ туку така да се претопи. Тоа може да се случи со поединици, какви примери имало во минатото.
       - Ние, што работиме  во весникот “Народна волја“ се стремиме да бидеме робови само и единствено на вистината. Се разбира добиваме и критики. Што мислите Вие за весник “Народна волја“ и за неговиот развој?
       - Броевите кои редовно  ги добивам ги читам. Тоа е една храбра борба која се води за правата на Македонците кои живеат во Бугарија.
       Сметам дека “Народна волја“ врши многу значајна национална задача во Бугарија – ја одржува и шири свеста кај Македонците кои живеат во Бугарија дека тие се еден друг народ и како таков, покрај тоа што треба да биде лојален на државата во која живее, треба да ги негува своите корени, традиција и култура.
       
       - Ви благодарам г-не Глигоров! Од мое име и од името на читателите на весник “Народна волја“ Ви посакувам добро здравје, работна способност и животна радост!
Календар:
64 г. по пътя на безсмъртието
Провален опитът
за обединение
От времето преди да...
ОМО "Илинден" - ПИРИН възкръсна
Интервју со проф. Иван Калчев
Интервју со Киро Глигоров