Към начална страница...
 
ПОЛИТИКА НА АСИМИЛАЦИJА И ДИСКРИМИНАЦИJА

НАБЛИЖУВА  ТРАУРНАТА  ПОВОРКА  НА  БУГАРСКИОТ  УЛТРАНАЦИОНАЛИЗАМ




               ЖЕСТОКА и тешко лечива е болеста, од која Бугарија многу години болува, не може воздух да си земе, безнадежно и беспомошно агонизира. Й останува единствената и последна можност, од која може да добие заслужно излекување. И тоа е Европската унија, на која Бугарија стана член од 1 јануари 2007 г. Тоа пак што си наумила дека и по добивањето на членството ќе може да продолжи со своето лакомење кон Република Македонија е апсурдно.

       Велам апсурдно поради фактот, што во Европската унија за националшовини-зам место нема. Зашто во суштината на Унијата постои виталната неопходност, која ја условува нејзината фундаментална, принципиелна и перспективна идеја за општоевропски соживот, кој ја потврдува смислата на нејзиното постоење. Бидејќи Европската унија се залага за симнувањето на политичките граници меѓу државите и создавање на услови за вистинска соработка меѓу земјите што го сочинуваат европското семејство. При таа нова политичка ситуација, во која Бугарија сама посака да учествува, нејзините ултранационалисти, а тие се и во врвот на државната власт, изгубија секакви шанси да продолжат со своите болни стремежи за освојување на Република Македонија. Тоа е вистината и таа ќе го диктира строго и без компромиси  во иднина однесувањето на Бугарија кон Република Македонија. (Кога велиме Бугарија, имаме во предвид не бугарскиот народ, а националшовинистичките елементи, што се наместиле во власта и го формираат лицето на државната политика.)
       Кога го поставуваме прашањето кон Бугарија за нејзиниот однос кон македонското малцинство и ги даваме квалификациите асимилациjа и дискриминациjа, на тоа што таа го прави, ние, Македонците располагаме со многу аргументи и факти што го потврдуваат тоа. Да се запреме на осудените што лежеле затвор поради тоа што се чувствуваат Македонци; на јавната антимакедонска пропаганда, којато без запирање се шири во медиумите; на изјавите на поранешниот претседател Петар Стојанов и сегашниот Георги Прванов, на премиерот Станишев, на министерот на надворешните работи Калфин и други министри; на бугарските „историчари“, чии имиња постојано се присутни во бугарските весници и на телевизиските екрани; на забраните Македонците слободно да одбележуваат годишнините од зверското убијство на македонскиот револуционер Јане Сандански, извршено од слугите на царот Фердинанд; на одбивањето да биде регистрирана партијата на Македонците; на тепањето од страна на црвените баретки над Македонците; на демонстративното негирање на македонската нација, јазик, минато и култура; на „проверките“ што бугарската полиција ги направи по подавањето на документите за регистрација на ОМО „Илинден“-ПИРИН; на искажувањата на Надежда Михајлова, која на советувањето на мониторингкомисијата на претставниците на Советот на Европа, што се одржа во македонскиот парламент, изјави дека во Бугарија нема македонско малцинство; на лагите и клеветите на адреса на Македонците, што живеат во Бугарија; на пресудите, кои й беа дадени од страна на Европскиот суд и на уште многу, многу факти и аргументи, кои се одразени во бугарските медиуми и ќе останат за да напомнуваат на идните генерации на бугарскиот народ за нејзината престапна безобзирна политика што наметнува асимилациjа.
       Пак повторувам, тоа е вистината за односот на Бугарија кон нас Македонците, кои живееме овде. Таа вистина е регистрирана, како што реков, и во бугарските весници, кои не штедеа и не ги штедат своите лаѓи и клевети и ги манипулираат бугарската и светската јавност.
       Бугарија не може за во иднина да продолжи со негирањето на македонското малцинство. Нешто повеќе: сите држави, членки на Европската заедница ќе имаат должноста не само да ги признаат малцинствата, кои живеат на нивна територија, но и да им обезбедат неопходните услови, за да го зацврстуваат својот национален идентитет.

       НEПРЕКИНАТИТЕ, нечовечки и бесрамни напори на бугарските ултранационалисти, кои, како што реков, се наоѓаат во врвот на државната хиерархија, прават се само и само да ги асимилираат и да ги уништат Македонците во Бугарија. Но нека тие безумници да знаат, дека членувањето во Европската унија е сигурен и безмилосен гробокопач на великобугарскиот националшовинизам и дека тоа членство ќе ја огласи неговата смртна пресуда. Право на помилување нема да има!
JАН ПИРИНСКИ
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
"Амнести"
за нас
Битка за Македониjа
В Европа като периферна нация
Благодарност
за г-н В. Ралев
Лобиране за македонците
ПИРИН -
член на ЕFА