Споредувајќи ги сите тие документи со резултатите од првиот повоен попис на населението во НР Бугарија од 1946 година, се доаѓа до апсурдниот заклучок дека Македонците во пиринскиот дел на Македонија не се раѓале, не стапувале во брак, не се преселувале од едно во друго населено место, ниту пак умирале. Едноставно, тие исчезнале на неразбирлив начин.
       Спроведувајќи ја новата политика, бугарските власти, на 3 август 1949 година, целиот пирински крај го прогласиле за погранична зона, односно дека преку линијата Горна Џумаја, Рилски Манастир, Чам Корија, Пештера не смеело да се патува во другите делови на НР Бугарија без „открит лист“ што го издавала полицијата. Покрај тоа, Владата на НР Бугарија, со нотата од 1 октомври 1949 година еднострано го раскинала Договорот за пријателство и заемна помош што бил потпишан меѓу НР Бугарија и ФНР Југославија на 27 ноември 1947 година и кој имал важност од 20 години. Во истиот договор бил содржан и Договорот за двовласните имоти, со кој било регулирано обработувањето на земјата од двете страни на границата, од страна на сопствениците Македонци од пиринскиот крај и оние од НР Македонија.
       Покрај тоа, сите оние што се чувствувале како Македонци и кои сакале да го зачуваат својот македонски национален идентитет, биле отстранувани од државната служба. Членовите на Комунистичката партија прво биле исклучувани од неа, а потоа репресирани. Истото се случувало и со младинците. Тие биле исклучувани од редовите на Сојузот на народната младина, потоа против нив се преземале најразновидни мерки на присила. Честопати тоа се правело само поради нечии сомневања, измислени и лажни обвинувања за рушењето на угледот на Комунистичката партија и за поткопувањето на териториаjлниот интегритет на бугарската држава.

       7. Политиката во областа на образованието и културата

       По резолуцијата на Информбирото, решенијата на  ХVI пленум на ЦК на БРП(к) и на V конгрес на БКП, положбата на Македонците во пиринскиот дел на Македонија се изменила во секој поглед. И покрај бројните и убави изјави и дeкларации „за културно-националната автономија на пиринскиот крај“, „за македонската нација и за правото на македонскиот народ на обединување со НР Македонија, но со друго партиско и државно раководство,“ што ги сретнуваме во дoкументите и написите во јавните гласила и во стручно-научните публикации, објавени во НР Бугарија во периодот од 1948 до 1956 година, во практиката веднаш се започнало со негирањето на с# што се постигнало на полето на националната афирмација на Македон-ците во пиринскиот дел на Македонија во периодот 1944-1948 година. Како илустрација ќе наведеме неколку примери.
Поради потребата од воведување на  целокупна настава на македонски јазик во сите основни и средни училишта во пиринскиот крај, министерот за народна просвета на НР Бугарија, Минчо Најчев, во писмото што го испратил до полномошниот министер на ФНРЈ во Софија, известува за потребата да се испратат македонски учители од пиринскиот дел на Македонија на усовршување на македонскиот литературен јазик во НР Македонија.
Одговарајќи на потребата за оспособување на млад и стручен кадар, кој би се вклучил директно во образовно-наставниот процес во училиштата во пиринскиот крај, Владата на НР Македонија донела уредба за отворање на шестмесечен курс за учители од пиринскиот крај. Курсот почнал да работи во февруари 1948 година и имал: 45 курсисти од Петричка околија, 31 од Неврокопска, 28 од Светиврачка, 27 од Разлошка и 21 од Горноџумајска околија, или вкупно 152 курсиста.
       Покрај курсистите за учители, во НР Македонија, односно на нејзините факултети и стручни училишта во означениот период се школувале над илјада ученици и студенти од пиринскиот дел на Македонија. Од нив некои останале во НР Македонија, а повеќето се вратиле во родниот крај со надеж дека ќе започнат со својата хумана наставно-просветна дејност во основните и средните училишта. А бидејќи на учителите од НР Македонија што биле на работа во пиринскиот крај во учебната 1947/48 година по резолуцијата на Информбирото им било забрането да се вратат на своите работни места, учителите - Македонци, кои се вратиле од НР Македонија, оправдано се надевале дека ќе ги заземат нивните места и дека наместо нив ќе ги предаваат наставните предмети македонски литературен јазик и историја на македонскиот народ, бидејќи се планирало целата настава да се изведува на македонски јазик. Меѓутоа, новата политика по резолуцијата на Информбирото и на ХVI пленум на ЦК на БРП(к) одела во друг правец. Според неа, „БРП(к) ја признавала  македонската  нација“, оформувањето на македонскиот јазик но не и македонскиот литературен јазик во НР Македонија кој, според Владимир Поптомов, бил „македонско-српски“. Според него, „Партијата била за обединување на македонскиот народ, но само во јужнословенска федерација.“
       Во таквите услови, македонските учители, наместо да добијат служба во воспитно-образовниот систем на НР Бугарија, поточно во пиринскиот крај, за што впрочем и биле испратени во НР Македонија, наместо да ги прошируваат и да ги продлабочуваат своите стекнати знаења од областа на македонскиот литературен јазик, културата и историјата на македонскиот народ, се нашле во нова ситуација. Некои од нив, оние што биле „политички поупатени“, се ставиле во служба на државната безбедност, а мнозина биле интернирани заради своите сфаќања и определби. Македонците учители што работеле во основните училишта по селата низ пиринскиот крај биле заменувани со учители Бугари, дојдени од Бугарија во пиринскиот дел на Македонија. Таков бил случајот со учителите од селата: Палат, Велушец, Лебница, Драгуш, Микрево, Махала,  Никудин, Крстилци и Игралиште.
Спроведувањето на новата бугарска политика, заснована врз одлуките и решенијата на ХVI пленум на ЦК на БРП(к), започнало веднаш во воспитно-образовниот процес во пиринскиот дел на Македонија. Во таа смисла, воведувањето на факултативното изучување на македонскиот литературен јазик и на македонското ослободително движење имало „приоритет“.
Към начална страница...
 
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Од историјата на пиринскиот дел на Македониjа

БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА

Д-р Васил Јотевски
(Продолжува од минатиот број)
       Административните служби, особено оние што ги воделе матичните книги на родените, венчаните, иселените или досе-лените во пиринскиот крај, потоа и на починатите, во графите каде што им ја забележувале националната припадност (бугарска, турска, руска, еврејска, циганска, ерменска, српска итн.), редовно ја изоставале белешката за македонската национална припадност. Дури и на оние Македонци што по резолуцијата на Информбирото подоцна емигрирале во Југославија, односно во НР Македонија, нивната македонска национална припадност им била заменета и ги евидентирале во графата „други Словени“.
(Продолжува)
       Текстот е приземен од книгата на Д-р Васил Јотевски "Македонците во пиринскиот дел на Македониjа 1949-1989", која jа продолжува темата на книгата од истиот овтор "Националната афирмациjа на Македонците од пиринскиот дел на Македониjа (1944 - 1948)".
       6. Административните методи во спрoведувањето на новата политика

       
Календар: Херонея 2 август 338г.
Устав на ОМО "Илинден" - ПИРИН
И политически труп на пътя на ПИРИН
Европейска поддръжка за...
За нуждата от реален критерий
Срещи с Джон Битов