Към начална страница...
 
Yahoo Adventures

ЧУДАТА НА МАКЕДОНИJА НА ИНТЕРНЕТ

ЗОРАН БОJАРОВСКИ

       ИСТОРИJАТАсе повторува. Овојпат, конечно, во полза на Република Македонија. Она што го правеа добронамерните патописци во текот на изминатите векови, овие денови го направи еден од најпознатите светски глобтротери, трагачот по атрактивни туристички авантури, Американецот Ричард Бенгс.

       Од пред двадесетина дена на насловната страница на http://adventures.yahoo.com на најпосетуваниот глоба-лен портал Јаху е приказната за Република Македонија под наслов “Светите тајни на Македонија”. Оваа ат-рактивно спакувана сторија за нашата земја е нешто што само можеме да го по-сакаме и, за разлика од некогашните добронамер-ни патописци, мултимедија-лниот пакет за дигитилизи-раните модерни авантурис-ти ја пренесе приказната за Македонија низ целиот свет со брзина на светлината, односно со брзина од сто-тици бајти во секунда. Така како што треба, приказната за нашата земја е спакувана како школка во која се бисерите за минатото и сегашноста, за луѓето и нив-ните достигнувања. “Каде е најмоќното место на земја-та? Во времето на Алексан-дар Велики тоа била Маке-донија...”, “Каде започнала историјата на светската на-ука и религија? Во близи-ната на едно неолитско село во Македонија...”, “Каде е (дел од) крстот на кој бил распнат Христос? Во мана-стирот Света Богородица Пречиста...”, “Каде се мус-лиманите најблиски со Алах? Во Шарената џамија во Тетово која им овозмо-жувала на дервишките мис-тици екстатичен контакт со нивниот бог...”, “Каде се најлековитите води во све-тот? Во бројните бањи во Македонија...”
       Посебно внимание зас-лужува поглавјето “Осумте чуда на Македонија”. Бенгс за такви ги смета - и за нив има посебни приказни - Александар Велики, Херак-леја, Виа Игнациа, Охрид, камените кукли во Куклица,  праисториските опсервато-рии како таа во Кокино и манастирот Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. На таков и сличен начин Бенгс и неговата екипа од камер-мани и фоторепортери ја спакувале приказната за Македонија низ галерии од фотографии и видеопакети. Атрактивно и провокативно!
       Публицитетот што Маке-донија го доби со авантура-та “Светите тајни на Македо-нија” е неспоредлив со ниш-то досега!
       Јаху ја опишува Македо-нија како еден од светските најстари цивилизации и најнови нации.
       Македонија е една од седумте земји претставени на Јаху адвенчрс. Интерак-тивниот пакет за Македо-нија останува постојано на овој дел на Јаху и најмалку две недели ќе биде на почет-ната страница, а во меѓувре-ме ќе биде рекламиран од другите страници на Јаху со користење банери и други средства за рекламирање.
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
       ВАКВА промоција не е забележана во поновата историја на Македонија. Ниту една влада, соодветно министерство или институција не може да се пофали дека е преземено и остварено нешто слично како ова што деновиве се случува на глобалната мрежа, односно во светот, благодарејќи на Јаху адвенчрс и Американецот Ричард Бенгс.
Календар: Херонея 2 август 338г.
Устав на ОМО "Илинден" - ПИРИН
И политически труп на пътя на ПИРИН
Европейска поддръжка за...
За нуждата от реален критерий
Срещи с Джон Битов