Към начална страница...
 
Впрочем, зошто беше забранет веќе преломениот весник „Гоце“ во софиската печатница во 1938 година што го подготви Македонскиот кружок „Нација и култура“? А во него учествуваа и луѓето од Македонскиот литературен кружок, некои од нив и денеска сеуште живеат во Бугарија. Или можеби Коминтерната им заповела на Македонците од Кружокот во 1939 година така манифестативно (на чело со Вапцаров и Попов) да ги пречекаат македонските студенти од Вардарскиот дел и да имаат такви средби и договори непосредно пред почетокот на оружената Националноослободителна борба, во која сите зедоа активно учество, а добар дел од нив го заложија и животот во неа. Може ли еден Вапцаров да биде баш „обичен исполнител во големата политичка игра“?
       Што вели Цвета Трифонова во врска со “Рефератот“ на Вапцаров?
       Истиот овој автор и пред четири години (Наблюдения върху творческо-психологическите и естетическите аспекти на Вапцаровите документални текстове, "Език и литература", ХLVІ, 3,1991,97-107) го најави својот интерес кон „документите на Македонскиот литературен кружок“, но тогаш знаела само за „неколку ракописи што содржат тези, белешки и еден реферат за творби на Вапцаров разгледувани во Кружокот“. Таа сепак вели дека „тезите на Македонскиот литературен кружок допрва ќе го предизвикуваат интересот на истражувачите“. Во врска со песната „Реферат“ Трифонова ги цитира и личните белешки на Вапцаров во дискусијата при нејзиното разгледување во Кружокот, но не сака да ја сфати суштината на прашањето во белешката: „може ли борбата за Македонија да биде повисока од војната во Кина“?, каде што Вапцаров јасно одговара: „неумесна споредба“. Зашто, навистина не може да се споредува борбата за сопственото национално ослободување и обединување со иделошко-политичката борба во Кина!
       Трифонова наведува дека во Домот-музеј „Н. Вапцаров“ во Софија се зачувани тези на реферат од М. Сматракалев за стихозбирката „Моторни песни“ што бил изнесен при нејзиното разгледување во Кружокот (сигнатура: ИК 611). Таа наведува цитати од белешките за мислењата на кружочниците за стихотворби од збирката, но очевидно или не ја сфаќа или пак не сака да ја сфати нивната содржина. Цитира само забелешки за песните „Вера“, ’Двобој“, „Завод“ и „Огњароинтелигентска“, но не кажува какви се забелешките за Песните за Татковината. Вели дека „и официалната партиска критика исто така реагирала со неразбирање, студенило и рамнодушност спрема поетските барања на Н. Вапцаров“, кое што впрочем е наполно точно и стои во директна спротивност со сегашните инсинуации што таа ги подметнува во „новите“ изводи за Вапцаров.
Цв. Трифонова најавува дека нема да се запира на „составот и значењето на овој кружок во творечкиот развиток на Н. Вапцаров“, но вниманието го насочува врз „еден документ завиен во мистификација во текот на 30 години“. Се работи за „Рефератот“ на Вапцаров што бил прочитан (и дискутиран) не на вториот состанок на Македонскиот литературен кружок, туку уште на првиот состанок на обновениот кружок во 1938 година. Трифонова правилно го оценува како „програмски документ што имал цел да ги назначи далечните и најнепосредните задачи на Кружокот, а имено - како да работи за создавање македонска литература, јазик и култура, за обособување на македонската национална свест и како резултат на тоа на независна македонска држава.“ Таа правилно го цитира и насловот на текстот (тргнувајќи од преписот): „Реферат на Никола Иванов Вапцаров за Македонија и задолженијата на писателите Македонци кон неа, кои што треба да ги следат револуционерните идеи на Гоце Делчев и Даме Груев“. Всушност, сината тетрадка со рефератот на Вапцаров нема никаков наслов. Тоа што препишувачот го препишал и Трифонова го прифатила е насловот на облошката во којашто беше тетрадката заведена во архивот под бр. 33. Насловот, значи, е напишан од раката на архивистот, а не од Вапцаров.
       Натаму, Трифонова кажува дека токму поради таквата  „политичка доктрина“ на рефератот во 1963 год. оригиналот и копијата биле повлечени од Архивот на Домот-музеј „Н. Вапцаров“. „Во тоа време - пишува авторката - веќе започнала полемика за Вапцаров помеѓу Софија и Скопије и рефератот се спомнува од скопските политичари како аргумент за македонската националност на поетот, бидејќи бил виден од Блаже Ристовски во 1960 г., а Димитар Митрев е непосреден учесник на спомнатиот состанок во 1938 г.“
Тука има неколку материјални неточности.
       Прво, рефератот не го виде само Блаже Ристовски, зашто неговата прва страница беше јавно изложена (како фотокопија) во витрината на Домот-музеј „Н. Вапцаров’ среде Софија заедно со првата страница од рефератот на М. Сматракалев за Вапцаровата песна „Татковина“. Блаже Ристовски го побара и ги доби не само за да ги види оригиналите на овие два документа (заедно со тетрадките со песните на поетот), туку и ги прочита, па вториот и целосно го препиша, а од Вапцаровиот реферат успеа да ги препише само првите страница и половина, бидејќи (по една случајна пауза) му беше побарана дозвола од Министерството за надворешни работи на Бугарија за користење на овој документ. Се разбира, таква дозвола не му беше дадена, но оттогаш веќе никој не го виде овој текст. Бојка Вапцарова подоцна напиша дека документот е склонет во Партискиот архив и недостапен за истражувачите.
       Второ, цитираната книга „Песни за Татковината“ од  Н. Вапцаров со „Предговор од д-р Блаже Ристовски“ не е издадена во Битола, ниту пак во 1986 година, туку во скопската Издавачка организација „Мисла“ и цели пет години подоцна. По се изгледа, авторката не го имала в раце ова издание, туку по кажувано цитира (без означена страница) или пак го помешала со изданието на монографската книга „Крсте Мисирков (1874-1926)“ што беше издадена во Битола во 1986.
       Трето, Блаже Ристовски не го виде текстот на „Рефератот“ од Вапцаров во 1960, туку дури во 1963 година, кога и првпат го посети Домот-музеј во придружба на покојниот заслужен бугарски литературен историчар Соња Баева. Точно е, меѓутоа, дека уште во истата година овој текст беше спомнат во неговиот реферат на Југословенскиот конгрес на славистите во Охрид, но поопширно беше претставен во една студија во три броја на „Современост“ дури во следната 1964 година. А дискусијата за националната свест и припадност на Вапцаров е започната многу порано. Можеби авторката ја помешала хронологијата со изданието „Антон Попов. Избрани произведения“ што со опширен предговор го подготви М. Сматракалев во издание на софиското книгоиздателство „Български писател“ токму во таа 1960 година, но кое имено поради пофалната рецензија во „Нова Македонија“ од Д. Митрев - беше веднаш повлечено и забрането!
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Сознајби

ДРЕВНО-ПОЛИТИЧКА МЕТАМОРФОЗА НА БУГАРСКАТА НАУКА ЗА ВАПЦАРОВ

(Продолжува од минатиот број)

Акад. Блаже Ристовски
       Впрочем, во 30-тите години во сите делови на раскинатата татковина дојде до најбурни мани-фестации на македонската национална свест, во кои навистина и Коминтерната го виде сопствениот интерес, па го донесе и решението од 11 јануари 1934 година што реално придонесе за македон-ската национална афир-мација, но не и за „созда-вање“ на нешто што имаше веќе едновековна историја. Дали Коминтерната или самите Македонци ги пишуваа и ги издаваа оние дваесетина легални и нелегални весници (на бугарски јазик) со македонска национална платформа? Дали илјадниците соработници и приврзаници на ова движење (а тоа значи добар дел од македонскиот народ) беа некои слепи послушници на Коминтерната - надвор од сопствените интереси? Па тоа беше единствениот меѓународен фактор што во тоа време ги призна и ги штитеше тие македонски национални интереси. Затоа толку приврзаници имаше весникот „Македонско знаме“ или списанијата „Македонски вести“ и „Македонска земя“ што бугарската влада бескрупулозно ги задуши.
Календар: Херонея 2 август 338г.
Устав на ОМО "Илинден" - ПИРИН
И политически труп на пътя на ПИРИН
Европейска поддръжка за...
За нуждата от реален критерий
Срещи с Джон Битов