Към начална страница...
 
БУГАРСКИОТ АРШИН МЕРИ СО РАЗЛИЧНИ ДОЛЖИНИ
СЛАМКАТА ВО ОКОТО НА СОСЕДОТ




       ПРЕД само месец дена беше основана ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Медиумите во Бугарија кренаа голема врева за многу нешта во врска со новата партија. Би рекол за сосема обични нешта. Меѓу нив и за тоа што двајца или тројца од копредседателите имале двојно државјанство – бугарско и македонско. Да немаа бугарско државјанство би била разбирлива таква реакција. Да беше забрането двојното државјанство во Бугарија – исто. Ама не.

       Само две-три недели подоцна медиумите пак грмнаа за случај со двојно државјанство. Бившиот македонски премиер Љубчо Георгиевски побарал и добил бугарско државјан-ство. Само наместо револт сега овој факт предизвика сосема спротивни комен-тари. Испадна дека за раз-лика од копредседателите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН Љубчо е херој, човек чиј пример мора да се следи, патеводна ѕвезда така да се каже. А и тој е со двојно државјанство и тоа истата комбинација – бугарско и македонско. Значи проблемот не бил во двојното државјанство, туку во тоа што не-кој од Бугарија земал маке-донско...
       И трета работа. Многу се загрижени сега мно-гумина националисти во Бугарија поради тоа што во Р Македонија луѓето (спро-тивно на нивните надечи и очекувања) се силно револ-тирани поради постапката на Георгиевски. И како сите луѓе со изопачен ум и совест националистите ги обвинија Македонците во антибугарска кампанија и хистерија, одбивајки да сфа-тат дека луѓето се револти-рани не од тоа што е Љубчо Бугарин, туку од тоа што се лажани од него 15 години. И како сите што ја гледаат сламката во окото на својот ближен националшовинис-тите не ја забележуваат гре-дата во своето око. Некако им избегнува од внимани-ето дека самите направија антимакедонска кампанија во врска со новите доку-менти на бившиот македон-ски премиер, дека сега пра-ват антимакедонска пропа-ганда затоа што во Македо-нија реагираат против из-мамата, не забележуваат де-ка веќе еден месец во Буга-рија продолжува антимаке-донската хистерија во врска со македонското малцин-ство... Но очигледно анти-македонството и хисте-ријата за некои луѓе овде е нормална духовна состојба.
       Да, проблем е кога некој за основа на својот свето-глед го постави крајниот бе-зогледен националегоизам и сака се добро да е за него(виот народ), а се лошо - за останатите. Проблем е и кога таквиот си создаде лажна слика за реалноста по принципот „што ми годи е вистина, што не ми одговара е лага“. За него секој допир со вистинскиот живот е болка. И затоа реалността, често се дожи-вува како некаков неприја-телски напад. И таквите луѓе се бранат. Се бранат од вис-тината, војуваат со оние што им ја кажуваат.
       А ако запрат, ако за момент ги погледнат ра-ботите такви какви што се? Ќе видат дека Македонија не е некоја заостаната земја (во секој случај не и во споредба со Бугарија), не е недемократска и во неа мал-цинствата не се прогону-вани и понижувани, не се третирани како непријатели (овде би рекол – за разлика од Бугарија).
       Во Македонија секое малцинство има право да создаде своја партија. Само Бугарите немаат таква, но бидејќи од Софија не им дозволуваат. Во Бугарија партија на етничка основа се забранети. Во Македони-ја се потребни 50 души за создавање на партија – во Бугарија – 5 000. Во Маке-донија децата од малцин-ствата имаат право целото свое образование (со исклу-чок на предметите македон-ски јазик и историја) – осно-вно, средно (а за поголемите малцинства и универзи-тетско)  да го добијат на својот мајчин јазик. Во Бу-гарија само најголемите малцинства се избориле за правото нивниот јазик (но не и историја) да се изучува како дополнителен и избо-рен предмет, се друго е на бугарски. Овде има само пет минути вести на јазикот на најголемото малцинство по националната телевизија (за што гневот кај многу-мина нема граници), доде-ка во Македонија има цел канал на македонската национална телевизија кој е само за и на јазиците на малцинствата. Во Македо-нија во секоја општина во која 20 % од населението му припаѓа на некое мал-цинство, јазикот на тоа мал-цинството станува службен напоредно со македонски-от. Истиот принцип е во сила и за државата – ако некое малцинство е над 20 % од вкупното население – јазикот станува службен на државно ниво. За Бугарија воопшто да не зборуваме бидејки само спомнувањето на таква идеја може да предизвика војна. Но има ли смисла да се споредува. Разликата е огромна и е исцело во корист на Р Македонија.
       Но најважното што ќе видат сите оние што ќе престанат да изигруваат слепци по своја волја е дека македонска нација постои, дека во Бугарија има македонско малцинство и во овие два факта само по себе нема ништо анти-бугарско. Фактите се само „анти“ оној кој е скаран со вистината, тие се „анти“ лажните (и во тој број сите великодржавни) теории и опсесии. „Познајте ја вистината и таа ќе ве ослободи“.

       НО фактите не им сметаат на нашите пишман политичари да повторуваат дека ќе й помагаат и ќе ја учат Македонија на своето искуство (опит). Пази Боже Македонија по тоа прашање да почне да се учи од нашата држава! Тешко и на неа и на малцинствата во неа. Но Македонија ја има научено својата лекција за демократија во однос на малцинствата. Бугарија е таа што ќе мора да седне во прво европско отделение и да ја учи оваа лекција за почетници и повторувачи во демократијата.
       И така, господо, наместо да ја гледате раската во окото на соседот, извадете ги гредите од своите очи!

САМУИЛ РАТЕВСКИ
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Календар: Херонея 2 август 338г.
Устав на ОМО "Илинден" - ПИРИН
И политически труп на пътя на ПИРИН
Европейска поддръжка за...
За нуждата от реален критерий
Срещи с Джон Битов