ÓËÈÖÀ

 

ÍÀÑËÎÂÍÀ

Äţ ÌÅÊÊÈÍ

ÌÎÒÈÂÈ

ÑËÈÊÈ

ÌÈË×Î ÌÀÍ×ÅÂÑÊÈ

 

 

Courtesy by

 

 

 

Дејв МекКин

6. март

Знаеш, сé уште не сум решил дали фотографиите всушност мамат: раскршено време, луѓе и случки прикажани како што никогаш повторно нема да бидат, Мигот поминат оној момент кога шаторот се затворил -навистина прилично тажно, нежната мекотија на филмското зрно и рефлектираните бои многу потолерантни од стварноста, спастрени во фини кутивчиња 10 со 15, сталожени, подредени. Животот баш не е таков.

Или дали се дури една поголема вистина. Сфаќам дека не ја гледам стварноста, туку гледам низ очите на една вистинска личност, фотографот, ловам делче од тоа како тој го гледа животот, а штом она драгоцено работиче што го викам вистина е само моја верзија, моја визија, тогаш овие проѕирни фотки значи го зголемуваат многу пати моето разбирање на светот, посилно и подиректно отколку разговор, или вести, или можеби дури и цртеж; овие слики ме прелажуваат, или ме убедуваат да мислам дека посредно сум научил нешто. АМА БАШ како самиот живот.

10. март

Фотки распослани пред мене. Ова е раскажувач на дело. Веднаш се гледаат прикаските што овие луѓе ги прикажуваат. Испаѓаат од рамката, па назад во своите животи, штракањето на апаратот заборавено, без да сфатат дека нивните духови ќе живеат прилично поинакви животи, ќе висат на галериски ѕидови, ќе лежат на работни маси на непознати луѓе, ќе бидат собирани, разгледувани и толкувани, можеби дури и прекрстувани. Ми се допаѓаат композициите, ноншалантни, прецизни, и хуморот: жена-сенка нацртана на ѕид си го препознава синот таму негде во правиот свет, лепач на плакати си го дал умот под кирија, на еден не му текнува кај си ја оставил лубеницата, гулаби пешаци...

1. април: соодветно

Му се јавив на Милчо да видам дали е океј, дали неговата изложба и филмот "Прашина" се сé уште во комбинација и покрај ужасната игра "сакам да си играм со твоите играчки" што моментално се одвива на Косово и во соседните градинки. Се јавив зошто од вестите што ги слушавме во Англија не можев да скопчам каков е секојдневниот живот во Македонија. Милчо ми одговори со факс. Неговиот одговор? Животот си врви, луѓе си одат на работа, одат по кафеани, ги слушаат авионите горе секоја ноќ, И тогаш ги загледувам сликите и се обидувам да си го замислам сето тоа, па и покрај графиите на кирилица и понекоја чудна капа, се би можело да биде баш тука. Си имаме точаци во Англија, и мрежи за кошарка, си имаме јаболка, и пешачки премини и жолти коли. Оваа мала врска ја прави целата работа толку лична што не можам да се исклучам како изгледа можат политичарите и војската, и уредниците на таболидите. Просто не можам.

2. април

Вечерва пак го гледав филмот на Милчо "Пред дождот". Да процениш каде лежи почетокот на прикаската е исто толку незгодно како и да процениш "кој почна" во детска кавга, чие око за око беше ископано прво. "Кругот не е тркалезен" напишано на ѕид во филмот, кажано на почетокот/крајот од филмот, времето исецкано, пресредено и преуредено, неуморно се се расчешлува во сй пошироко и пошироко толкување на настаните, па конечно сфаќаме дека ни една приказна нема почеток, овие луѓе си имале живот пред дождот, пред штрекањето на апаратот. Белким ќе имаме живот и после.

 

Дејв МекКин живее во Кент, Англија.

Илустрирал стрипови, меѓу кои Signal To Noise, Arkham Asylum (Бетмен), и неговиот роман Cages. Илустратор и коавтор е на книгата за деца The Day I Swapped My Dad For Two Goldfish. Илустратор и дизајнер е на сите корици на Sandman. Режирал три кратки филма: The week Bofore, N[eon] and Whack! Направил над сто обвивки за ЦД дискови, меѓу другите и за: Michael Nyman, The Rolling Stones, Skinny Puppy, Alice Cooper, како и фотографии, илустрации и видео za Kodak, Sony Playstation, Smirnoff и Eurostar. Дејв е автор на две книги фотографии: A Small Book of Black & White Lies и Option: Click.